Македонија

Законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи помина прво читање во Собрание

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи вчера помина во прво читање на пленарна седница во Собранието.

  • Ова е уште еден важен институционален чекор кон посилна заштита на јавното здравје, особено на децата, младите, непушачите и сите граѓани кои имаат право на здрав и безбеден јавен простор. Законот ја следи реалноста на денешното време, во кое покрај класичните цигари постојат електронски цигари, загреани тутунски производи и нови форми на никотински производи кои бараат современа и јасна регулатива, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

Тутунот е поврзан со над 3.600 смртни случаи годишно, а економските загуби се проценуваат на над 600 милиони евра годишно. Особено загрижувачки се статистичките податоци кои покажуваат дека 13,6% од младите од 13 до 15 години користат тутунски или никотински производи, 57% од учениците се изложени на туѓ чад во затворени јавни простори, а 73% од младите пушачи изјавиле дека не биле спречени да купат цигари поради возраста.

  • Овој закон е за здравјето на граѓаните и за иднината на нашите деца. Со него се воведуваат појасни правила за терасите, поголема заштита во здравствените, образовните и детските установи, ограничувања за пушење во присуство на деца, како и сеопфатна забрана за рекламирање и промоција, вклучително и преку онлајн платформите и социјалните мрежи. Здравјето нема цена и нема алтернатива, додава министерот Алиу.
  • Воедно, тој додава дека зад изготвувањето на ова законско решение стои макотрпен, инклузивен и исклучително одговорен процес на широки консултации со сите засегнати страни и чинители, во рамки на кој беа одржани 7 работни состаноци со тутунската индустрија, 5 состаноци со угостителскиот сектор, усогласувања со државните институции и со дури 14 инспекциски и надзорни органи. Воедно, преку ЕНЕР беа детално разгледани 58 коментари од граѓани, трговци и експерти.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago