Дали прописно се обележани или означени, објекти кои излегуваат директно на улица и се потенцијална опасност за учесниците во сообраќајот
Сообраќајната несреќа во Радовиш во која трагично згасна
еден млад живот, го отвора прашањето дали прописно се обележани или означени, објекти
кои излегуваат директно на улица и се потенцијална опасност за учесниците во
сообраќајот како и за пешаците кои поминуваат покрај таков објект.
„На
23.05.2026 во 16:28 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на ул.„8 Септември“
на место викано „Стара автобуска“ во Радовиш, 22-годишниот Т.Ј. од Радовиш,
управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил
контрола и удрил во ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил
возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа
на ОВР Радовиш, излезе соопштението во јавноста, но никој не очекуваше
дека несреќата ќе заврши фатално за младиот Трајче, од кој вчера се простија
радовишани.
Инаку
Трајче, трагично го загуби својот млад живот како последица од собраќајна
несреќа со мотор, во која изгубил контрола и удрил во ѕидот на објект Радовишко турбе кој е
прогласен за историски споменик, кој се наоѓа во центарот на Радовиш односно во Паркот на младите.
Турбето е сместено во стариот дел на градот. Се смета дека е изградено во 1390 година. Во неговиот комплес е зачувано минаре, за кое се смета дека датира од 1400 година. Со доаѓањето на српската власт во 1913 г. градбата се користела како затвор за мачење на режимски противници.
Заштитата на
историски споменик кој директно излегува на улица бара поставување на физички
препреки (одбојници), вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, како
и јасно осветлување. Овој процес мора да биде одобрен од надлежните општински
служби и Управата за заштита на културното наследство.
Спроведете
ги следниве чекори за да ја гарантирате безбедноста на учесниците во
сообраќајот и интегритетот на споменикот:
Поставете заштитни столпчиња и
браници:
Инсталирајте физички метални столпчиња (боларди) или бетонски одбојници на
тротоарот околу споменикот. Тие ќе го апсорбираат ударот доколку возило
излета од коловозот.
Вертикална сигнализација: Поставете сообраќајни знаци (на
пример, знак за кружен тек, заобиколување или ограничување на брзината)
пред и во непосредна близина на споменикот, кои однапред ќе ги предупредат
возачите.
Хоризонтална сигнализација: Обележете го работ на коловозот
и асфалтот со рефлектирачка боја (т.н. „ежеви“ или ударни линии) и
поставете „лежечки полицајци“ (успорувачи на брзината) пред критичната
зона.
Флуоресцентни и светлосни
ознаки: Самиот
споменик или заштитните столпчиња треба да се обложат со фолии со висока
рефлексија.
Адекватно осветлување: Инсталирајте насочени улични
светилки кои ноќе директно ќе го осветлуваат споменикот и неговата
околина, обезбедувајќи добра прегледност.