Марјан Даскаловски се повлекува од функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ Струмица
„Сакам да ве информирам дека донесов одлука и поднесов оставка до претседателот на СДСМ, Венко Филипче да се повлечам од функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ Струмица.Оваа одлука ја носам со мирна совест и чисто срце, водена пред сè од лични причини“ стои во ФБ објавата на Марјан Даскаловски досегашен претседателч на ОО на СДСМ, Струмица.
Тој додава: „Изминатиот период беше исполнет со многу работа, заеднички победи, но и предизвици со кои се соочувавме секогаш со крената глава и со мисла за доброто на Струмица.
Сакам да упатам огромна и искрена благодарност до сите членови, симпатизери, активисти и до моите најблиски соработници за огромната поддршка, довербата и енергијата што ја вложивме заедно. Чест ми беше да ја предводам оваа организација и да работам со луѓе кои искрено го сакаат својот град.
На идниот
претседател и на новото раководство им посакувам многу успех, мудрост и нова
енергија во водењето на партијата на локално ниво.
Јас останувам тука, како пријател и поддржувач, секогаш подготвен да помогнам со своето искуство и знаење секаде каде што е потребно“ вели Даскаловски.
На негово место, ОО на СДСМ Струмица ја информира јавноста дека за нов претседател на организацијата е назначен Др. Лазо Манев.
„Со својот докажен професионален интегритет, општествена одговорност и посветеност, Др. Манев ја презема оваа одговорна функција со јасна цел за обединување, внесување на нова енергија и продолжување на успешните социјалдемократски политики во Струмица.
Неговиот ангажман ќе биде насочен кон зајакнување на тимот, отвореност кон граѓаните и будно следење на потребите на нашата локална заедница. Воедно, ОО СДСМ Струмица упатува огромна и искрена благодарност до досегашниот претседател, Марјан Даскаловски, за неговото долгогодишно успешно водење на организацијата“, соопштуваат од ОО на СДСМ, Струмица.