Креативна еко-работилница во градинката „Прва радост“ во Василево
Во детската
градинка „Прва радост“ во Василево, дечињата учествуваа во креативна еко-работилница,
каде преку игра учеа дека со рециклирање
старите неупотребливи работи повторно можат да се вратат во „живот“,
давајќи им нови форми и намени, односно од старите неупотребливи работи може да
се добијат нови употребливи.
Конкретно, дечињата заедно со своите родители и
воспитувачи на старата неупотреблива облека и даваа нов „живот“, употребувајќи
ја како материјал во изработката на нивните уметнички творби.
Во
работилницата учествуваше и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,
кој преку личен пример дава поддршка на активности и дополнително ги мотивира
децата да се однесуваат еколошки, да ја чуваат и негуваат животната середина.
„Малите раце
создаваа големи идеи за почиста иднина! Преку игра, дружење и тимска работа, со
најмладите изработувавме интересни и уникатни предмети од текстилен отпад.
Во рамките на Еко месецот, во градинката „Прва радост“ се одржа креативна работилница со учество на децата и нивните родители. Работилницата имаше за цел да ја подигне свеста за правилно управување со текстилниот отпад и да покаже дека старите материјали можат да добијат нова и креативна употреба“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.
Креативната еко работилница со најмалите во детската градинка е една од планираните активности во април-еко месецот, како чекор кон почиста и позелена животна средина, во чии рамки досега се поставени контејнери за текстилен и електронски отпад на неколку локации, изградена е стаклената градина во дворот на ООУ „Гоце Делчев“, Василево, а следува набавка на бесплатни канти за собирање на отпад од пакување, садење на дрвја а во месец мај и традиционалната масовна еко акција – Генералка викенд која ќе се спроведе на повеќе локации низ населените места на општината.
Целта на
сите овие активности е подигање на јавната свест за значењето и улогата на
секој поединец во зачувувањето на животната средина.