Струмица

ОПШТИНА СТРУМИЦА со одговор на соопштението од ОО СДСМ- СТРУМИЦА, од каде повторно возвраќаат

„Општина Струмица ги исполнува своите обврски кон граѓаните одговорно и во рамките на своите финансиски можности.

Целосно ги почитува сите препораки од релевантните институции но, можностите на Општината за одредени исплати се ограничени“, соопштуваат од Општина Струмица како одговор на претходното соопштение од ОО на СДСМ, Струмица, за исплаќање на средствата на лицата учесници во изборниот процес.

„ОО СДСМ Струмица остро реагира на крајно неодговорниот и дрзок однос на Општина Струмица, која повеќе од 7 месеци ги игнорира лицата кои учествуваа во изборниот процес на гласачките места. Станува збор за граѓани кои чесно и одговорно ја извршија својата должност во демократскиот процес, а за тоа до ден-денес не им се исплатени законски предвидените паушали“, стои во соопштението .

Од Општина Струмица со одговор:

„Можностите се ограничени поради големите долгови направени со претходно лошо менаџирање. Односно, активности кои не ја воделе финансиската положба на Општина Струмица во добра насока.

За жал, во Буџетот за 2025 година Локални избори биле предвидени само со една десетина од средствата за кои станува збор. Инаку, станува збор за обврска од над 11 милиони денари. Во меѓувреме, Општината репрограмира и исплаќа големи долгови и камати од 2024 и 2025 година.

Општината ги подготвува средствата и во првата прилика на прилив ќе бидат доставени до сметките на граѓаните кои учествуваа во избирачкиот процес на гласачките места“, велат од Општината.

Од ОО на СДСМ Струмица повторно реагираат до ОПШТИНА СТРУМИЦА:

„Буџетот за 2026 година е ваш. Целосно планиран од вас, целосно ваша одговорност. Тука завршува вашето алиби. Повеќе од 7 месеци не ги исплаќате луѓето кои работеа на изборите’, стои во реакцијата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago