Интервју со Амбасадорот на Русија Дмитриј Зиков за весникот „Нова Македонија“
Интервју со Амбасадорот на Русија Дмитриј Зиков за весникот „Нова Македонија“ (Скопје, 9 април 2026 година)
Клучни точки
•Голема чест и одговорност е да ја претставувам мојата земја на македонското тло. Во согласност со дипломатската практика, имав можност да ги пренесам руските ставови до Претседателката Гордана Силјановска-Давкова и на Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
•Од првите денови среќавам потврда за прекрасен однос кон Русија. Македонците мојата земја ја доживуваат како културно и религиозно блиска. Сличен интерес и искрена симпатија постојат и во Русија.
•Сегашната состојба на руско-македонските односи навистина не може да не предизвикува сожалување. Оваа ситуација не е нормална, но не е наш избор, веќе е последица на еднострани чекори преземени од македонската страна, кои не можат да се сметаат за пријателски. Русија е подготвена да ги воспостави целосните, меѓусебно во таа мера во која ќе биде подготвена македонската страна.
•Проширувањето на НАТО, позабрзаната трансформација на Европската Унија во воено-политички сојуз не донесуваат ништо добро за регионалната и глобалната стабилност. Русија се залага за неделивост на безбедноста.
•Се надеваме дека транзицијата кон мултиполарност ќе обезбеди поволна надворешна заднина за обновување на руско-македонските врски.
•Започнувањето на агресијата против Иран стана нов дестабилизирачки удар од Вашингтон врз темелите на светскиот поредок. Очигледно е кршење на принципите на меѓународното право, има тешки последици за глобалниот режим за неширење на нуклеарно оружје.
•Бомбардирањето на Југославија го означи почетокот на замена на легитимните механизми со „поредок, базиран на правила“.
•Претседателот на Русија ја донесе одлуката за спроведување на специјална воена операција во согласност со членот 51 од Повелбата на ОН, во извршување на Договорите за пријателство и заемна помош со ДНР и ЛНР, чиј суверенитет Русија го призна на ист начин како и во случајот со изразувањето на волјата на населението на Крим во согласност со правото на народите за самоопределување.
•Режимот што дојде на власт во Киев како резултат на неуставниот државен удар и ги започна борбените дејства во источна Украина не ги претставуваше интересите на лугето на Крим, во ДНР и ЛНР.
•Една од причините за кризата беше долгогодишното пребегнување на загриженост на Русија во областа на безбедноста. Исто така, беа прекршени принципите врз кои беше признаена независноста на Украина. Киевскиот режим продолжува да ги крши човековите права.
•БРИКС функција врз основа на еднаквост и не се спротивставува на други формати на интеракција. Членството не е неопходно за соработка – постои категоријата на држави партнери. Земјата мора да го декларираат својот интерес преку официјални канали.
•На официјално ниво, хуманитарната соработка е сведена на минимум. Сепак, интересот за интеракција во оваа област останува благодарение на длабоките историски и духовни врски меѓу нашите народи, кои не можат да се уништат во корист на конјунктура.Извор: Амбасада на Русија во Сев. Македонија