Во своето прво интервју за македонскиот медиум „Нова Македонија“, новиот руски амбасадор во Скопје Дмитриј Зиков ја повтори тезата на рускиот претседател Владимир Путин од пред неколку години дека кирилицата потекнува од македонските земји, додавајќи дека од оваа земја „светите равноапостолни просветители Кирил и Методиј и нивните ученици ја донеле светлината на православната вера кај предците на рускиот народ“.
„ Македонците мојата земја ја доживуваат како културно и религиозно блиска. Тоа е разбирливо, имајќи предвид дека нашите земји ги обединуваат многу нешта.
Сличен интерес и искрена симпатија кон Македонија постои и во Русија. Во нашата земја секогаш се сеќаваме и секогаш ќе се сеќаваме дека токму од македонското тло светите рамноапостолни просветители Кирил и Методиј и нивните ученици им ја донесоа на предците на рускиот народ светлината на православната вера. Им оддаваме почит на македонските борци на отпорот, кои храбро се бореа против фашизмот за време на Втората светска војна и дадоа достоен придонес во нашата заедничка голема победа“. вели амбасадорто Зиков.
На ова реагирап бугарскиот историчар Проф. Павлов. Тој ги отфрли и тврдењата дека православната вера и просветителството кај руските предци дошле од македонските земји.
Според него, народите во денешната Руска Федерација треба да паметат од каде потекнуваат азбуката и православието – од Бугарија, пишува Трибина.мк