Василево

Се чисти коритото на река Струмица, помеѓу Владевци и Сушево

Општина Василево во соработка со АД „Водостопанство“, подружница Струмица, го чисти коритото на реката Струмица во атарите на селата Владевци и Сушево. Со механизација се отстранува вегетацијата и наносите со што се нормализира текот на водата низ речното корито. Активноста, како што информира градоначалниот на општина Василево Славе Андонов,  е од превентивен карактер со цел спречување на излевање на водата и поплавување на околните површини, нешто што во минатото веќе се случувало и резултирало со штети врз посевите и домаќинствата.


„Денес, на лице место, заедно со директорот на подружницата „Струмичко поле“ при АД Водостопанство, Томе Спасов , извршивме увид и ги лоциравме најкритичните точки. Акцијата се спроведува превентивно, со цел навремено спречување на можни излевања и заштита на домовите, земјоделските површини и безбедноста на граѓаните. Превенцијата е најдобрата заштита. Голема благодарност до екипите на АД „Водостопанство“ за нивниот несебичен ангажман и работа на терен“, стои во информацијата споделена од градоначалникот Андонов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago