Радовиш

Општина Радовиш објави ЈАВЕН ПОВИК за субвенција на млади лица за полагање на возачки испит од Б категорија

Општина Радовиш објави ЈАВЕН ПОВИК за субвенција на млади лица за полагање на возачки испит.

За користење на финансиски средства од буџетот на Општина Радовиш за 2026 година, за добивање на субвенција на млади лица – жители на општина Радовиш, за полагање на возачки испит од Б категорија, согласно Програмата за Локален Економски Развој, на Општина Радовиш за 2026 година.

Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален Економски Развој oд Буџетот на Општина Радовиш за 2026 година ќе се доделуваат на корисниците, баратели кои се редовни/вонредни ученици во III или IV година во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш а се со живеалиште и постојано престојувалиште на територијата на Општина Радовиш, кои се редовни/вонредни ученици во III или IV година во други средни училишта во Република Македонија и странство, а кои се запишани на стручни насоки кои не постојат во СОУ “Коста Сусинов“ а се со живеалиште и постојано престојувалиште на територијата на Општина Радовиш или се невработени млади лица до 26 годишна возраст и се со живеалиште и постојано престојувалиште на територијата на Општина Радовиш. 

На барателот/физичкото лице што ги исполнува критериумите на овој јавен повик ќе му се надоместат дел од трошоците направени за полагањето на возачки испит при стекнување на возачка дозвола од Б категорија  во висина  од 12.000,00 денари.

Средствата по барањето ќе се исплатат по доставување на доказ за положен возачки испит – добиена возачка дозвола од Б категорија до комисијата во Општина Радовиш. Доколку барателот не го положи возачкиот испит во тековната година по поднесеното барање во периодот од 1 Јануари до 1 Декември и не поднесе доказ за положен возачки испит најдоцна до 1 Декември во тековната година, го губи правото на субвенционирање и предвидените средства нема да му бидат исплатени. Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето.

Потребна документација:

  • Барање за субвенција (барањето со изјавата може да се подигнат во архивата на општина Радовиш или на веб страната на Општина Радовиш);
  • Фотокопија од важечка лична карта на барателот или на еден од родителите, како доказ дека е жител на Општина Радовиш;
  • Фотокопија од трансакциска сметка на барателот или еден од родителите;
  • Потврда од автошкола, за упис на кандидат за возач на возило;
  • Потврда издадена од Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи, Отсек за управни работи, издадена врз основа на евиденција за живеалиште, престојувалиште и лични карти дека барателот / родителите имаат пријавено адреса на живеење на територија на Општина Радовиш и дека истите немаат пријавено престој надвор од Р.С.Македонија;
  • Потврда за редовен/вонреден ученик од III или IV година, издадена од СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш, потврда од друго средно училиште во Република Северна Македонија и странство или потврда за невработеност од АВРМ Радовиш.
  • Изјава за користење на лични податоци;

Поднесување на барањето:

Барањето со пропратната документација треба да биде доставено во затворен плик.

Рокот за поднесување на пријавите е 30 дена од објавувањето на јавниот повик сметано   од 05.02.2026 година а заклучно до 06.03.2026 година, секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот.

Барањето со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично до архива на адреса:

Општина Радовиш  Бул.„Александар Македонски“ Бр.7, Радовиш  

На пликот во горниот лев агол треба да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за полагање на возачки испит Б категорија.“

Напомена: Пријавите пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago