Василево

Обновени државното знаме и општинскиот грб на влезот на Василево

На влезот во населеното место Василево, во паркот каде е лоциран и параклисот на Св. Јован Крстител, општина  Василево  спроведе активности на поставување на знамето на Р.Македонија и обнова на ротирачкиот елемент со грбот на општина Василево.

„Влезот на Василево повторно добива душа. Она што со години беше запоставено и заборавено, денес повторно се уредува со љубов и почит. Во дворот на параклисот Св. Јован Крстител, на самиот влез во нашето Василево, повторно ќе го видиме грбот на Општина Василево и знамето на Република Македонија – симболи на идентитет, гордост и припадност. Ова е повеќе од уредување на простор. Ова е враќање на достоинството, потсетник кои сме и од каде доаѓаме. За Василево што го сакаме. За Василево што го градиме. За Василево што им го оставаме на идните генерации“, стои во објавата на Градоначалникот.
Овој парк  е изграден во 2015 година, а набрзо потоа и праклисот посветен на Св. Јован Крстител. Оградувањето како финална активност се реализаираше во периодот на 2023 и 2024 година.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago