Македонија

Минчев: Законот за висока раководна служба воведува мерит-систем и става крај на партизацијата

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во телевизиско гостување, појасни дека станува збор за суштинска и долгоочекувана реформска мерка која воведува јасни правила, професионализам и одговорност во јавниот сектор.

„Овој закон е на реформската агенда на државата повеќе од седум години. За првпат се нуди јасно и применливо решение кое ги опфаќа раководните и извршните функции во околу 100 институции и воспоставува транспарентни критериуми и постапки за избор“- истакна Минчев.

Тој појасни дека Предлог-законот е изработен од интерресорска работна група, предводена од Министерството за јавна администрација, со учество на Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии.

„Законот се однесува исклучиво на директорите, заменик-директорите, членовите на управните одбори и државните секретари, кои се двигатели на институционалната стабилност и континуитетот во работата на институциите. Клучните новини се содржани во три пункта: воведување мерит-систем со постапка и јасни критериуми за избор, рационализација на управните одбори и строга регулација на В.Д. функциите“ – изјави министерот.

Минчев посочи дека бројот на членови во управните одбори ќе биде ограничен на максимум три, со што се прават значителни заштеди во државниот буџет и се прекинува досегашната пракса на нефункционални и преобемни управни тела.

„Со овој закон се става крај и на злоупотребата на В.Д. функциите, кои со години се користеа како механизам за заобиколување на системските решенија. Наместо привремени и политички решенија, воведуваме јасна, законска и професионална постапка“ – посочи тој.

Минчев нагласи дека целта на законот е создавање професионална, департизирана и ефикасна јавна администрација, во која напредувањето ќе се темели исклучиво на знаење, искуство и резултати.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago