Регион

СВР Струмица апелира до граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на измами со лажните лекари и сообраќајки

Секторот за внатрешни работи Струмица ја информира јавноста дека во изминатиот период е забележана појава да се пријавуваат настани во кои граѓани, претежно повозрасни лица биле измамени или непознати лица се обиделе да ги измамат, на тој начин што телефонски ги контактирале и претставувајќи се лажно како лекари или други здравствени работници, ги доведуваат граѓаните во заблуда, тврдејќи дека нивни блиски лица доживеале сообраќајна или друга несреќа и дека е потребна итна интервенција, за која наводно мора веднаш да се дадат пари.


СВР Струмица апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не наседнуваат на вакви обиди за измама. Во вакви ситуации, граѓаните не треба да даваат лични податоци, ниту пак да предаваат или уплаќаат пари на непознати лица.


Исто така, апелираме до граѓаните, доколку добијат ваков повик веднаш да го прекинат разговорот, а секој сомнителен повик или обид за измама веднаш да се пријави во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112, стои во апелот.
Како што веќе информираат од СВР Струмица, преземе ни се  мерки и активности по вакви пријавени дела, при што е откриено едно лице кое учествувало во извршување на истите, но уште еднаш упатуваат апел до граѓаните за зголемена внимателност и соработка со полицијата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago