На
17.10.2026 во 10:40 часот на бул. „Гоце Делчев” во Струмица се случила
сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хундаи“ со струмички регистарски
ознаки, управувано од Н.Ш.(80) од Струмица и товарно возило „нисан“ со
струмички регистарски ознаки, управувано од А.А.(34) од Струмица. Во незгодата
со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „хундаи“
Т.А.(44) од Струмица, а повредите биле констатирани во Медицински центар
Струмица. Извршен е увид од екипа на Полициската станица Струмица.
На
17.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од
слобода М.Т.(46) од струмичко. При преземање службени дејствија кон него, М.Т.
извадил и предал хашиш и други предмети со остатоци од марихуана. Запознаен е
јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен
поднесок.
Ноќеска
(18.10.2026) во 02:20 часот на крстосница за село Мрзенци, гевгелиско,
полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода
Б.Т.(27) од село Негорци, гевгелиско. При контрола на сообраќајот било запрено
патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, при што од извршеното
мерење со дрегер било констатирано дека Б.Т. возилото го управува со 1.63
промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител. По
документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за
сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297а од
КЗ.
Ноќеска
(18.10.2026) во 00:20 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР
Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.Б.(42) од Гевгелија. При контрола
на сообраќајот било запрено патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски
ознаки, при што од извршеното мерење со дрегер е констатирано дека М.Б.
возилото го управува со 1.60 промили алкохол во крвта. За настанот е известен
јавен обвинител. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена
кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно
возило“ по член 297а од КЗ.
Ноќеска
(18.10.2026) во 00:25 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР
Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.И.(44) од село Бојане, општина
Сарај. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „мерцедес“ со
скопски регистарски ознаки, и по преземени мерки било констатирано дека го
управува без да поседува возачка дозвола. За настанот е известен јавен
обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна
пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно
возило”.