Uncategorized

АПЕЛ до Европската комисија за положбата на професионалните возачи со посебен акцент на примената на правилото од 90/180 дена

Евиденцијата на влез и излез на професионалните возачи на граничните премини при транспорт низ земјите од ЕУ согласно системот за влез и излез (EES), драстично ќе ги зголеми трошоците за работење на копаниите, ќе ја загрози стабилноста на трговските текови меѓу Европската Унија и Западен   Балкан,а   ги   доведува   во   подредена   положба   и  професионалните   возачи   во меѓународниот патен транспорт, со посебен акцент на примената на правилото од 90/180 дена, ова е заклучок од Седницата на  Управниот одбор на  Коморскиот инвестициски форум на 6-те комори од Западен Балкан (ЗБ6 КИФ), за што ќе биде поднесен заеднички апел до Европската комисија.

Истовремено, за 26 јануари, во неколку земји од Западен Балкан се најавени протестни акции, поради нарушување на движењето на стоки кон Европската Унија. Овој развој е од сериозна загриженост од економски и политички аспект. За Западен Балкан, приближно 60% од вкупната надворешна трговија и околу 370.000 компании се директно засегнати, бидејќи се доведува во прашање правилното функционирање на добавувачите и клиентите, а се нарушува и безбедноста на снабдувањето и стабилноста на цените.

Најавените   протести   се   во   организација   на   професионалните   возачи   и   се   насочени   против недостатоците во сегашниот граничен режим што се појавија по прекинувањето на специфичните аранжмани за визи и престој во одредени земји-членки на ЕУ. Иако е позитивно што Шенгенскиот договор во последниве години се применува флексибилно за професионалните возачи, со што во принцип се овозможува патување без виза, тој не е погоден за долгорочен комерцијален патен товарен транспорт што вклучува редовни, предвидливи и трајно потребни гранични премини и престојувања.

Проблемот се примената на правилото од 90/180 дена значително ја зголеми побарувачката за возачи, што доведе или до значително зголемување на трошоците или, во некои случаи, до делумно   прекинување   на   транспортните   операции.   Неодамна   воведените   проверки   на идентитетот и биометриските проверки, со време на чекање до неколку дена, не се одржливи за транспорт на стоки. Оваа ситуација веројатно нема да биде компатибилна ниту со целите на внатрешниот   пазар   на   ЕУ   ниту   со   целта   за   економска   интеграција   на   Западен   Балкан   со Европската Унија.

Во апелот до Европската Комисја, ЗБ6, констатира дека „на подолг рок, може да се разгледа прилагодување   на   Шенгенскиот   договор,   но   на   краток   до   среден   рок,   неопходно   е развивање  координирани и прагматични решенија  заедно   со   оние   земји-членки кои се особено клучни за трговијата со Западен Балкан. Дозволите за престој, и од техничка и од правна перспектива, би можеле да се издаваат преку процедури за дигитална претходна регистрација“.

Управниот   одбор   потсети   дека   Европската   Унија   претставува   најважниот   извозен   пазар   за Западен Балкан, со повеќе од три четвртини од вкупниот извоз на регионот наменет за ЕУ. Поради оваа   причина,   стабилноста   на   синџирите   на   снабдување,   регулаторната   предвидливост   и непречениот   проток   на   стоки   не   се   само   технички   прашања,   туку   стратешки   интереси   и   за регионот и за Европската Унија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago