Василево

Средствата од хуманитарниот Богојавленски настан- Сречки, предадени на Влатко Митев

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, со членовите на друштвото Баделци од Василево, собраните средства од хуманитарниот настан Сречки, што се одржа на Богојавление Водици, во Василево, му ги предадоа на Влатко Митев од Василево, лицето за кое беа наменети. Како што информира Андонов станува збор за сума од 136 000 денари.

„Го посетивме нашиот сограѓанин Влатко Митев и му ја предадовме собраната помош, од хуманитарниот настан што се одржа пред црквата ,, Успение на Пресвета Богородица ” во Василево. Василево покажа, дека знае да биде сплотено, солидарно и хумано кога е најпотребно. Со заеднички сили, со отворени срца и искрена желба помогнавме и ја покажавме нашата човечност. Денес му ги предадовме средствата во вкупна вредност од 136.000 денари, како поддршка и надеж дека не е сам во оваа борба. Благодарност и до друштвото ,, Баделци ” за прекрасната организација на вчерашниот настан“, објави градоначалникот на социјалните мрежи.
Настанот Сречки беше во организација на друштвото Баделци од Василево, кои преку донации од хумани граѓани, и со сречка од само сто денари, го реализараа овој настан за помош на сограѓанинот Влатко Митев. Генерален покровител на настанот беше општина Василево, која со одлука на општинскиот совет ја обезбеди главната награда.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago