Европа

Самит на лидерите во Тирана, Албанија

На Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“ во Тирана, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Планот за раст за Македонија е повеќе од иницијатива – тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена. Со реформска агенда одобрена од Европската комисија, фокусирана на добро владеење, чиста енергија, образование, развој на бизнисот и владеење на правото, веќе ја практикуваме Европската унија и нејзините вредности.

За време на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“, кој се одржува во Тирана, Албанија посочив дека за Македонија, Планот за раст е многу повеќе од иницијатива. Тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена.Ова беше резултат на посветена работа и на цврсто верување во европските вредности. Нашата реформска агенда, одобрена од Европската комисија, се фокусира на она што навистина е важно добро владеење, чиста енергија, образование, развој на бизнисот и владеење на правото. Ова не се апстрактни цели. Тие се темелите на современата европска држава, секојдневната реалност што сакаме да ја обезбедиме за нашите граѓани.Оваа година поднесовме две барања за исплата на средства, со кои се поддржуваат приоритетните реформи на Владата – особено во областа на дигиталните услуги, зајакнување на деловната клима и подобрување на енергетската ефикасност. Нашата зелена транзиција, од енергетски ефикасни студентски домови до нови инвестиции во транспорт и железничка инфраструктура, покажува дека растот и одржливоста можат да одат рака под рака.Овие чекори се доказ дека кога ги интегрираме нашите пазари, кога ги поврзуваме патиштата и кога ги усогласуваме правилата, веќе ја практикуваме Европската унија и нејзините вредности.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago