Македонија

СВР Струмица ги потсетува возачите дека започна периодот на задолжително носење зимска опрема во возилата

Секторот за внатрешни работи Струмица ги информира возачите дека од 15.11.2025 година започна периодот на задолжително носење зимска опрема во возилата, кој ќе трае до 15 март следната година.
Под зимска опрема се подразбира:
– За возила до 3500 кг: зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм или летни гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4мм и синџири за снег за погонските тркала.
– За возила над 3500 кг: зимски гуми на погонските тркала со минимална длабочина на шарите од 6 мм или летни гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм и синџири за снег за погонските тркала.
СВР Струмица потсетува дека при секое констатирано непостапување по оваа законска обврска, на возачите ќе им бидат издавани прекршочни платни налози согласно член 361 став 4 од Законот за безбедност на патниот сообраќај, со кој е пропишана глоба за ваквите прекршоци во висина од 45 евра.
СВР Струмица апелира до сите возачи да ги почитуваат законските прописи и поставената сообраќајна сигнализација, посебно во зимски услови при замрзнати и влажни коловози да ја намалат брзината на движење и да го прилагодат возењето на условите на патот, да држат безбедно растојание, да избегнуваат нагло запирање или забрзување на возилото, а се со цел нивна безбедност и безбедност на другите учесници во сообраќајот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago