Василево

Кик боксерот Петре Велков заминува за Абу Даби каде ќе учествува на Светското првенство во кик бокс

Кик боксерот Петре Велков пред неговото заминување за Абу Даби каде ќе учествува на Светското првенство во кик бокс, https://www.wako.sport/event-details/wako-world-championship,  кое ќе се одржи од 21 до 30. 11 2025 година,  беше гостин во кабинетот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

Петре Велков ќе учествува на WAKO Kickboxing World Championship, кое ќе се одржи од 21 до 30 Ноември во Абу Даби. Нашиот претставник ќе се натпреварува во дисциплината Low Kick – 67 kg. Лично му посакав многу среќа, успешни борби и силен победнички дух. Веруваме во него и му посакуваме да се врати со одличен резултат!  Петре Велков секогаш ќе ја има мојата подршка. Напред Пепи“, стои во објавата на Андонов.
Советот на општина Василево на последната одржана седница донесе одлука, односно позитивно одговори на барањето за спонзорство поднесено од кик бокс клубот К1 Арена – матичниот клуб на Велков,  со што директно го помогна неговото учеството на ова Светско првенство.
Општина Василево континуирано во изминатиот период, во рамки на своите можности ги поддржува спортистите, спортските настани и активности со што најдиректно учествува во развојот и популаризацијата на спортот како една од областите кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот на сите нејзини граѓани.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago