Василево

ДПД „Кристал Турија“ – Василево реализираа обука заради подобрување на нивнта подготвеност на терен

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари средба со членовите на Доброволното противпожарно друштво „Кристал Турија“ од Василево, кои во текот на вчерашниот ден реализираа обука на терен заради подобрување на нивнта подготвеност за евентуални интервенции на терен.
Изразувајќи надеж во општина Василево да нема потреба од користењето на услугите на ова Друштво, градоначалникот Андонов преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, споделувајќи моменти од средбата,  го сподели задоволството од постоењето на „Турија Кристал“ и неговата улога во случаите на справување со пожар.
„Доброволното противпожарно друштво „Кристал Турија“ – Василево е нашата гордост! Денес остварив средба со членовите на ова друштво, кои успешно ги поминаа сите потребни обуки. Василево по првпат има свое доброволно противпожарно друштво – голем чекор напред за безбедноста на нашите сограѓани. Посебно сум горд што „Кристал Турија“ веќе зад себе има неколку успешно реализирани интервенции. Сите ние многу добро ја знаеме потребата од овие возила. Неретко во нашата општина се случуваат пожари, скоро да нема лето без пожари.  Искрено се надевам дека многу ретко ќе ги користиме активностите и опремата на друштвото. Продолжуваме заедно да градиме побезбедна и посилна општина Василево“, стои во објавата на Градоначалникот.
Доброволното противпожарно друштво “Кристал Турија“ е формирано пред околу половина година, како резултат на ентузијазмот на  Бранко Ефтимов –  стопанственик со  стопански капацитети во индустриската зона на општина Василево и одличната соработка и партнерскиот однос со општина Василево. Друштвото располага со неколку специјални возила кои во изминатиот период имаа неколку успешни интервенции, а персоналниот состав е на база на пожарникари-доброволци, обучени да интервенираат во случај на потреба.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago