Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата втора свечена седница по повод Денот на ослободувањето на Гевгелија

Вечерва (7 ноември 2025 година), Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата втора свечена седница по повод Денот на ослободувањето на Гевгелија. Свечената седница ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот.

Во рамки на седницата, свое обраќање ќе има градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој ќе говори за значењето на овој историски датум за градот и неговите граѓани, како и за постигнувањата и развојот на општината во изминатиот период.

Традиционално, од страна на Градоначалникот ќе бидат доделени и благодарници на поединци, институции и организации кои со својата работа, посветеност и придонес оставиле значаен белег во општествениот, културниот, спортскиот и економскиот живот на Гевгелија.Свечената седница претставува централниот дел од програмата за одбележување на Општинскиот празник-7 Ноември, со којашто Општина Гевгелија им оддава почит на сите кои придонеле за слободата, развојот и напредокот на градот.

Културниот дел од денешната седмоноемвриската програма ќе заврши со Концерт на Градскиот мешан хор „Гортинија“- Гевгелија, под диригентската палка на м-р Илија Атанасов, кој ќе се одржи веднаш по завршувањето на свечената седница. Концертот претставува симболична завршница на овој ден преку која со музиката и заедништвото се оддава почит на генерациите што го изградиле духот и идентитетот на градот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago