Радовиш

Угостителите подготвени за манифестација Самун ем Татлија

Градоначалникот на Општина Радовиш Љупче Почивалец денеска одржа координативен состанок со угостителите кои ќе учествуваат со свои штандови на овогодишната манифестација „Самун ем Татлија“ која е предвидена за 14, 15 и 16 Ноември 2025 година.

Се разговараше околу самата организација, локацијата и програмата кој ќе биде предвидена за манифестацијата.

Општина Радовиш забрзано работо околу сите административни работи за самата оргазнизација која беше пролонгиран од вообичаениот термина поради изборниот процес.

Претходно, во месец јуни, Советот од претходниот состав, донесе одлука да не се одржува „Самун ем Татлија“ оваа година, сочувствувајќи со трагедијата која се случи во дискотеката Пулс во Кочани, која погоди повеќе од 60 – тина семејства, но на барање на граѓаните на Радовиш дека сепак станува збор за гастрономска манифестација кој ја негува традицијата на радовишките специјалитети сомунот и татлијата, сепак новиот градоначалник Љупче Почивалец, донесе одлука Манифестацијата да се одржи.

Локацијата на барање на угостителите повторно ќе биде на Паркинг Орел, поради поширокиот простор.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago