Радовиш

Одржана 3 седница на Совет на Општина Радовиш, донесени значајни Предлог- Одлуки пред се околу капиталните објеки

Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа 3 седница за која беа предвидени 29 точки на дневен ред. Советниците на оваа седница разгледаа и усвоија повеќе Предлог Одлуки и Предлог Заклучоци. Една од најважните беше да се донесе Предлог – Одлука за втор ребаланс на Буџетот на Општина Радовиш за 2025 година, со кој меѓу другото се предвидуваат средства за одржување на манифестацијата „Самун ем Талија“ кој ќе се одржи и оваа година за една недела.

На седницата беа донесени значајни Предлог- Одлуки и предлог -измени на план на програми за развој, пред се околу капиталните објеки, Градски Пзар, центар за култура Ацо караманов и Стоковната куќа во Радовиш кои се во фаза на реконструкција и изградба.

На почетокот Советниците имаа можност да постават советнички прашања на кој одговор даде градоначалникот Љупче Почивалец. Седницата ја водеше Претседателот Гоце Дединец. Имаше и дискусии околу самите предлог одлуки за кои дополнително ќе информираме.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago