Василево

Василево повторно доби канцеларија за матични работи

Во населеното место Василево, во реновираниот Дом на културата,  беше отворена подрачна канцеларија на Управата за водење на матични книги, популарно познато како матично, кое беше затворено пред околу пет години.
По тој повод увид во новите простории направија директорот на Управата за водење на матични книги и грaдоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.


„Со директорот на Управата за водење на матични книги, извршиме увид на просториите каде ќе биде сместено матичното односно во домот на културата во Василево.
После цели пет години, конечно ја отвораме, повторно канцеларијата на матично во Василево.
Знам колку мака и нервози на граѓаните им создаваше, тоа што за еден обичен документ мораа да патуват во други места. Од денес па натаму, матичното е тука – дома, кај што му е местото. Ова е чекор напред за сите нас, затоа што нашата администрација мора да биде блиску до народот, а не далеку од него“,вели градоначалникот Андонов,  со која со граѓаните ја споделува веста за повторното отварање на канцеларијата на оваа служба.
Граѓаните од населените места на општина  Василево, како и од Добрејци и Просениково, сите документи кои спаѓаат во делокругот на работата на оваа служба, како изводи на родени, изводи на венчани, изводи на умрени ќе можат да ги вадат во оваа канцеларија, како и регистрација односно склучување на граѓански брак за сите оние кои ќе се одлучат тоа да го направат во својата матична општина.



Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago