Струмица

Во Струмица, започна 33-то издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Синоќа во Струмица, започна 33-то издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.

„Со особена гордост и чест, вечерва го отворив 33-то издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Струмица отсекогаш била град со отворен дух, град кој знае да ја цени врвната уметност и да ги пречека пријателите со раширени раце. Верувам дека така ќе биде и на ова 33-то издание на Меѓународниот фестивал на кое уште еднаш ќе ја потврдиме нашата длабока и искрена почит кон бардот на македонската глума, Ристо Шишков“, вели градоначалникот Костадин Костадинов.

Во најновото издание на овој единствен фестивал посветен на актерот, публиката ќе има можност да проследи 13 претстави и да ужива во мајсторството на актерите од Италија, Србија, Бугарија и Македонија.

-И оваа година, сцената нека биде простор каде што ќе се судрат светови, ќе се раскажат судбини и ќе се доживеат убави моменти. На сите учесници им посакувам квалитетна актерска игра, а големата награда нека ја понесе навистина најдобриот, зашто само така ќе докажеме дека сме достојни чувари на делото и споменот на големиот Ристо Шишков, вели Костадинов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago