Денеска се одбележува Свети Фануриј, празник за кој во нашите краишта многу малку се знае
Свети Фануриј е маченик од првите векови на
христијанството, кога Христијаните биле гонети и убивани поради својата вера.
Кој
бил и кога живеел овој светител не се знае, освен дека бил
војник и дека пострадал заради исповедање на својата вера. Многу се почитува на Родос и на
Крит. Од нашите краишта, се почитува во Прилеп и Битола.
Во 1500 година им се јави на некои на островот
Родос и таму покажа чуда и исцеленија. Таму е пронајдена и една негова стара
икона. На неа Фануриј е изобразен како млад војник, којшто во десната рака држи
крст, а во левата запалена свеќа. Свети Фануриј многу се слави и во Египет.
Таму постои предание дека неговата мајка била голема и непоправлива грешничка.
Но, синовската љубов на Фануриј кон неа била извонредна. Тој повеќе Му се молел
на Бога за спасението на својата мајка, одошто за своето. При неговото убиство,
додека незнабошците го затрупувале со камења, светителот се молел: „Заради овие
мои маки, помогни им Господи на сите што ќе се помолат за спасението на мојата
грешна мајка.“ Токму затоа се прави фануропитата, како еден принос кон светителот,
која откако ќе се благослови се разделува на верниците.
По повод овој празник во нашата црква се отпева Фанурија, лебче за покој на мајката на Св. Фанурије
со надеж и вера за здравје, напредок и исполнување на желбите на тие што се
молат на Св. Фанурије.
Занчи во црква свештеникот ја благословува фануријата и таа се принесува и раздава со молитвата „Спаси ја Господи грешната мајка на Свети Фануриј, а и мене грешниот, помогни ми“.