Македонија

СО КУПУВАЊЕ ПРОИЗВОДИ ОД МАКПРОГЕРС ВГРАДУВАМЕ ПО ЕДНА ЦИГЛА ВО ОБНОВАТА НА КОМПАНИЈАТА

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ пред членовите на УО на Комората

Со купување производи од МакпРогерс вградуваме по една цигла во обновата на компанијата

Ситуацијата со Макпрогрес доаѓа во период кога се иницира кампања за промоција на “МАКЕДОНСКО НАЈДОБРО”, за која ресорниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипунов на работна средба со претставниците на бизнис секторот предводена од претседателот на Комората Азески потенцираше дека оваа кампања има за цел да ја подигне националната свест за домашниот производ.

По направените анализи на економските показатели кои во еден дел покажуваат надолен тренд, Владата осмисли и започна кампањата насловена како “МАКЕДОНСКО НАЈДОБРО” со цел да се подигне свеста кај купувачите за домашните прехранбени производи и стимулира домашното производство. Така, делувајќи заеднички – Владата, министерството и бизнис секторот,  ќе севратидовербатавонашетознаење, вонашатарака и вонашиотпотенцијал, а парите ќе завршат во домашната економија.Владатаќејаимасвојатаулогавопромовирање, поддршка и создавање на погоднабизнисклима, компаниитејаимаатсвојатаулогавосоздавање на квалитетнипроизводи, ание, какограѓани, јаимаменајважнатаулога: моќтадаизбираме.

На почетокот со кампањата беа опфатени само производителите на примарни производи, но сега-во следната фаза, ќе биде опфатена и преработувачката индустрија.

Претседателот Бранко Азески истакна дека ни недостасува цел, а тоа е зголемување на бруто домашниот производ. Само на тој начин ќе ја размрдаме домашната економија. Оване е повик за затворенаекономија, туку за отворенасамодоверба. Оваа кампања е повик на ситенас – влада, бизнис и граѓани – дасездружимеоколузаедничкацел: просперитетот на нашатаземја.

Преку купување на производите на Макпрогрес во следниот период, а согласно и повиците на социјалните мрежи обединувањето на овој начин треба да стане пракса за вакви ситуации кои за жал оставаат сериозна трага по различни основи врз функционирањето (општествени, лични, економски и сл.).

Претседателот на Комората Бранко Азески, за рефлексиите на пожарот на Макпрогрес врз домашната економија, но и врз работењето на самата компанија како и за опстанокот на вработените, говореше пред членовите на Управниот одбор (вторник 9.9.2025 година). Истакна дека е формиран е кризен штаб, направена е првична анализа, и во соработка со Макпрогрес се работи на создавање план за делување и на домашен и на регионален пазар да се направи се, за да се избегнат максимално големите трагедии.

Изјавата на претседателот Азески, погледнете ја на следниот линк – https://we.tl/t-S77p4HJy71

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago