Свет

Гори Непалскиот парламент , бројот на жртви расте. Паника меѓу политичката елита

Со забраната на социјални медиуми и корупцијата започнаа протестите.

Демонстранти против корупцијата ја нападнаа зградата на федералниот парламен во Катманду, главниот град на Непал. Густ чад и видливи пламени јазици се издигаа од зградата додека илјадници луѓе се собраа во близина, пркосејќи на полицискиот час воведен по вчерашната пукотница што дополнително го разгоре гневот на јавноста против владата. Има и жртви, вкупниот број на жртви се искачи на 22.

Знаме на Непал

Со забраната на социјални медиуми и корупцијата започнаа протестите. Владата оттогаш ја укина забраната, но земјата е сè уште во шок откако 19 лица беа убиени во понеделник, а уште две беа убиени во денешните судири. Премиерот К.П. Шарма Оли поднесе оставка денес, среде бран протести што се шират низ целата земја. Премиерот К.П. Шарма Оли немаше друг избор освен да се повлече како што протестите се ширеа, а гневот на граѓаните продолжуваше со несмалена сила.Меѓународниот аеродром Трибхуван во Катманду е целосно затворен поради продолжувањето на протестите.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago