Василево

Народна игранка во Нова Маала под покровителство на општина Василево

„Во предвечерието на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица во Нова Маала , под покровителство на општина Василево, ќе се одржи културно уметничка програма – ,,Народна игранка “.

-Нашиот македонски народ со право може да се гордее со една богата култура и традиција, која е создавана со векови и постојано се надградува и се пренесува“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов, за  Манифестацијата „Народна игранка“, која во организација на Здружение Културно уметничко друштво „Бежанци“, од с. Нова Маала ќе се одржи по повод празникот Голема Богородица.


Според програмата првиот ден, односно во недела на 24.08 2025 година, со свои изведби ќе настапат КУД „Бежанци“, Нова Маала, КУД „Злевски бисери“ од с. Злеово и „Осоговски извори“ од с. Оризари. Централната манифестација ќе биде во пресрет на празникот,   на 27.08.2025 со почеток во 21 часот со учество на Мирослав Мирчевски и групата „Грациозо“, како и  КУД „Бежанци“, Нова Маала и КУД „Св. Кирил и Методиј“ од с.Иловица.


Советот на општина Васиево, едногласно,  на една од своите седници донесе одлука за финансиска поддршка на оваа Манифестација од страна на општината.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago