Радовиш

Со голема духовна радост Радовиш го прослави празникот Свети Спасо Радовишки заштитник на градот

Со одржување на вечерна богослужба во Храм „Св.Троица“ со која чиноначалствуваа неговото правосвештенство Митрополитот Брегалнички Г-дин Иларион и свештеници од Брегалничката епархија, литија низ градот и молебен на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ започна чествувањето на патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки.

„Божествен плод на Радовиш, голема пофалба на Солун, си се покажал новомаченику Спасо, храбро си го исповедал Господа и заради Него си ја пролеал својата крв, затоа моли го Бога да им подари на оние кои те слават непрестан мир и голема милост“ се пееше во центарот на Радовиш.

Во рамките на програмата, на плоштадот Свети Спасо Радовишки синоќа се одржа духовно чалгаџиски концерт кој се одржа по молебенот.

Одбележувањето на заштитникот на Радовиш Свети Спасо Радовишки продолжи и денеска со одржување на Божествена литургија во Храм Света Тројца со која чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички Госбодин Иларион и свештеници од Брегалничката епархија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago