Регион

Среда и четврток во општините од Југоистокот ќе има прскање против комарци – еве во кои општини и во кој период !

Во рамки на активностите за заштита од комарци и спроведување на Програмата за дезинсекција, се известуваат граѓаните на општините од Југоисточниот плански регион дека на 18 и 19 јуни 2025 година ќе се изврши ларвицидна и теристична дезинсекција, согласно следниот распоред:

Во среда, 18 јуни 2025 година, на територијата на општините Струмица, Ново Село, Босилово и Василево, во претпладневните часови ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција, а во вечерните часови, од 20:00 до 24:00 часот, ќе се изврши теристична дезинсекција (од земја) против комарци.

Во четврток, 19 јуни 2025 година, ларвицидна дезинсекција ќе продолжи во претпладневните часови, на територијата на општините Дојран, Валандово, Радовиш и Конче., додека теристичната дезинсекција (од земја) ќе се спроведе во вечерните часови од 20:00 до 24:00 часот.

,,Дезинсекцијата ќе се реализира со хемиски средства одобрени од надлежните институции, во согласност со сите пропишани здравствени, безбедносни и еколошки стандарди. Во случај на неповолни временски услови, активностите ќе бидат одложени и реализирани во прв следен поволен термин“ соопштуваат од Центарот за развој на Југоистокот при што апелираа до пчеларите да ги заштитат пчелните семејства

Се замолуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пчелните кошници во наведените термини на прскање.

Оваа активност се спроведува со цел унапредување на јавното здравје и заштита на населението од појава и ширење на преносливи заболувања.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago