Конче

Градоначалникот Ристов ја претстави Општина Конче на културната манифестација “Македонски ден” во Швајцарија

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов на покана на МДД ,,Македонија Ешалан” два дена присуствуваше на културната манифестација “Македонски ден” во Швајцарија, заедно со своите колеги градоначалникот на Општина Василево Славе Андонов и градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов.

„На мое огромно задоволство остварив официјална средба со градоначалникот на Ешален, г-дин Серж Борник на којашто ја претставив нашата општина Конче со целиот нејзин развоен потенцијал, природните убавини, културно-историското наследство, како и гостољубивоста на нејзините жители“, вели градоначалникот Ристов.

Тој додава дека исто така остварил средба со претставници на македонски организации и здруженија, заради размена на идеи и иницијативи за зајакнување на врските меѓу Македонците во Швајцарија и матичната земја Македонија во областа на културата, образованието, спортот, туризмот и локалниот економски развој.

„Сакам да изразам огромна благодарност до сите наши сограѓани кој што работат и живеат во Швајцарија за огромната поддршка што ја дават на нашата татковина Македонија , сите заедно ке рабитиме за доброто на нашата татковина Македонија“, додава Ристов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago