Регион

Фондацијата Елеуса обезбеди хуманитарни прехранбени пакети за над 200 семејства од регионот

Над 200 семејства од регионот ги добија хуманитарните прехранбени пакети од Фондација Елеуса. Ова е една од најобемните кампањи кои ги спроведува Фондацијата со оглед на големината на самите пакети и опфатот на голем број на семејства на кои им е потребна помош.

-Нашата хуманитарна мисија е неодвоива од хуманоста и општествената одговорност на заедницата и бизнисот. Неколкупати годишно испраќаме хуманитарни пакети до најсиромашните, а секоја година одбираме различен модел на собирање на средствата. Годинава на наше огромно задоволство, на повикот на Фондација Елеуса за велигденската хуманитарна акција се вклучија ПИ „Витаминка“ од Прилеп, Здружението на возачите од Струмица, Колид Колешино, Лав Комерц, Ал Макс, Млекарница „Јока“, Екстра Меин, Макс Струмица, Бучен Козјак, Дисконт Терзи, Хортена, Карго Експрес, Дуки Транс како и голем број поединци, објаснуваат од Фондацијата.

Подготовката на пакетите е невозможна и без волонтерскиот ангажман. Од Елеуса велат, дека годинава ги надминале сопствените очекувања и успеале сите пакети да ги подготват за само еден ден.-Посебно се радувавме што годинава успеавме пакетите да ги спремиме за само еден ден. Тоа е резултат на посветеноста и љубовта на волонтерите на кои им сме посебно благодарни, затоа што тие, заедно со заедницата се нужна алка во оваа хумана приказна, велат од Елеуса.Со хуманитарните пакети опфатени се семејства од општините и населените места кои гравитираат кон Струмичката православна епархија- Струмица, Берово, Пехчево, Дојран, Василево, Ново Село и Босилово.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago