Радовиш

Дали кучињата од улиците на Струмица се дислоцираат во Радовиш?

Дали мистериозното исчезнување на маалските миленици е дел од организирана акција? По игра на случајност, куче од струмица се наоѓа во Радовиш стои во објавата на Animal Lovers – Strumica:

“Дали бездомните кучиња од Струмица намерно се дислоцираат!?

Нашето здружение за заштита на животните изразува сериозна загриженост поради дислокација на кучиња од улиците на Струмица, особено случајот со добро познатото куче од плоштадот – „лавче“, кое со недели го бараа загрижени граѓани!По игра на случајност, дознавме дека кучето се наоѓа во Радовиш, по што веднаш се организиравме за негово враќање кај луѓето што се грижеа за него и долго тагуваа поради неговото исчезнување. Радоста на луѓето и кучето беше неопишлива!!

Во повеќе наврати, граѓани не контактираат со сомнеж да не прашаат дали маалски миленици им биле дислоцирани од ЈП Лана? За таа цел, официјално ќе побараме одговор од претпријатието, како и разјаснување на постапките што ги преземаат во однос на уличните животни и како оваа куче стигнало до Радовиш

Струмица е град во кој граѓаните покажуваат голема хуманост кон бездомните кучиња, а многу од нив се постојани хранители и се грижат за овие животни. Но, во последниот период сè почесто добиваме информации за нивно мистериозно исчезнување. Доколку станува збор за организирана акција за дислоцирање или нехуман третман, тоа е сериозен проблем што бара итен одговор и транспарентност од надлежните институции.Ги повикуваме локалните власти, медиумите и јавноста да ни помогнат во откривањето на вистината, бидејќи секое живо суштество заслужува хуман третман и заштита. Нашата борба за безбедноста и добросостојбата на уличните кучиња нема да запре!”

Извор: https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=1038923524934958&id=100064519609052&rdid=rNJ4omWW6C6bF76y#

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago