Православните христијани денеска празнуваат Воскресение Христово –Велигден, Трет ден
Православните христијани денеска празнуваат Воскресение Христово –Велигден, Трет ден, според календарот на Македонската православна црква – Охрдиска архиепископија (според јулијанскиот календар), кој годинава се слави заедно со верниците од Католичка вероисповест, кои го слават Велигден според Грегоријанскиот календар.
Велигден, или празникот на Христовото воскресение е
најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден,
денот на воскресението. Христовото станување од мртвите е потврда на сите
негови зборови, на сите негови ветувања.
Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не
воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто
ќе верувавте и ќе се надевавте напразно. Утрото на третиот ден од Христовата
смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата
што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им
ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја
објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.
Главното обележување на Велигден се вапцани црвени јајца кои
ја симболизираат крвта на Исус Христос. Порано се бојадисувале само црвени
јајца, а се верува дека овој обичај потекнува од Марија Магдалена, која според
Библијата, однела кошница со јајца пред тогашниот римски цар Тибериј кога се
дознало дека Христос Воскреснал. Тој и рекол на Марија ќе поверувам дека Исус
воскреснал кога јајцата во кошницата ќе станат црвени, што во истиот момент
станале црвени.
Иако Велики Петок е најтажниот ден за сите христијани во
светот, Велигден веднаш по Божик се смета за најрадосен христијански празник.
Веднаш по дочекувањето на Воскресението Христово присутните во црковните
храмови и во домовите се кршат со црвени јајца. За Велигден се подготвува
богата трпеза со разновидна храна, пред се со јагнешко но и друг вид на месо,
салата, колачи, велигденска торта и блага погача-штрудла и задолжително црвени
јајца. Домовите се украсуваат со разни велигденски украси
Празникот на воскреснувањето на Господ Исус Христос се празнува секоја година во различно време и еден е од т.н. подвижни празници. Кај припадниците на православната вера Велигден секоја година паѓа во период од 4 април до 8 мај. Во црковниот храм Света Троица во Радовиш денеска отслужи света Божествена литургија Митрополитот Брегалнички господин Иларион.