Струмица

Лицата со попреченост и вработените во ТППЕ Струмица се ослободуваат од плаќање на јавен превоз

Лицата со попреченост и вработените во ТППЕ Струмица се ослободуваат од плаќање на јавен превоз, ваква одлука донесоа членовите на Советот на општина Струмица на денешната 50-та седница.

Оваа одлука е само една од усвоените предлог одлуки од повеќе области, програми, решенија и извештаји. Меѓу нив се одлуките за проширување и измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Струмица за 2025 година, за давање на користење деловни простории на ЈСП „Струмица-Транспорт“ Струмица, за хиопотека од прв ред недвижност на ЈПКД „Комуналец“, за кофинансирање на проект за изградба на фекален колектор за нови урбани блокови во урбана единица 5, предлог-програмите за измена на Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2025 година, програмата за изработка на детални урбанистички планови за 2025 година, за дополнување на програмата од областа на културата, годишниот извештај за спроведување на програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2024 година, извештаите за работата на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ и локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ Струмица, со финансиски извештај и завршна сметка за 2024 година, како и годишните сметки со финансов извештај на основните и средните општински училишта за 2024 година.

На денешната седница беше усвоени и барањето согласност за прием на поголем број на деца во ЈОУДГ „Виножито“ Струмица, предлог – решенијата за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица, разрешување и именување преставник на Општина Струмица во училишниот одбор на ООУ „Гоце Делчев” од населеното место Вељуса, предлог – одлуките за доделување на парична помош на 5 граѓани на општина Струмица и извештајот за процена на штета од природна непогода, поплава, силен ветар и град на подрачјето на општина Струмица од 29 мај 2022 година

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago