Василево

Oпштина Василево преку проект, ќе набави опрема за емитување во живо на седниците на Советот

Членовите на Советот на општина Василево и вработените во општинската администрација, минатата работна седмица ја завршија со обука насочена кон зголемување на нивните вештини и знаења кои допрва ќе дадат резултати во нивната секојдневна работа.


Обуката беше организирана и спроведена во соработка на тимот на УНДП и ЗФР (Здружение на финансиски работници), во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза 2, финансиски поддржан од Швајцарската влада и  Министерството за локална самоуправа, а ко-финансиран и спроведуван од Програмата за развој на Обединети Нации  – УНДП.


Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, споделувајќи ја информацијата преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, информираше дека преку овој проект за потребите на Советот на општина Василево ќе се набави опрема за емитување во живо на седниците на Советот на општина Василево.


„Претставници од УНДП преку проектот „Зајакнување на општинските совети ” извршија обука на советниците и општинската администрација во просториите на Домот на културата во Василево. Преку проектот ќе се набави опрема за прикажување во живо на седниците на Советот на општината. Преку овој проект се обезбедува, потранспарентна Општина и зголемено граѓанско учество во носењето одлуки на локално ниво“, стои во објавата на градоначалникот Андонов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago