Струмица

Фондацијата „Елеуса“ добива свои простории, на предлог на градоначалникот Костадин Костадинов

На свечен начин, вчера во Струмица, беше предаден во употреба реконструираниот објект на Четврта месна заедница, кој, по предлог на градоначалникот Костадин Костадинов и едногласна одлука на Советот на општина Струмица, е доделен на трајно користење на Фондацијата „Елеуса“.

На свеченоста свое пригодно обраќање имаше градоначалникот Костадинов, кој меѓу другото истакна:

„Му се радувам на овој редок и убав свечен чин и на можноста која ја имам, да го споделам со Вас моето задоволство од овој прекрасен епилог кој е сведоштво за моќта на љубовта. Таа искрена љубов ни покажува денес, како еден добродушен и корисен предлог, поткрепен со визијата за поубаво утре, станува наша реалност и наша сегашност која, со Божа волја и со волјата на добрите луѓе, ќе ја креира убавата страна на нашата иднина.

За сите досегашни хумани ангажмани, за се што стори за граѓаните од општина Струмица, Фондацијата „Елеуса“ повеќе од заслужено добива свои простории, преку кои, со уште поголем обем и динамика, ќе ги организира и реализира сите понатамошни активности. Струмица треба да биде благодарна и среќна што ја има фондацијата „Елеуса“, и таа иста Струмица знае како на љубовта и човечноста на „Елеуса“ да и возврати со љубов и човечност“.

Инаку, во објектот ќе бидат сместени канцелариите на Фондацијата, како и магацински простор за подготовка на хуманитарните пакети и други потреби за социјално загрозените семејства и поединци. Дополнително, преку овој објект, ќе се имплементира и сервис од Програмата за рехабилитација и реинтеграција на жените жртви на семејно насилство, со „Куќа на половина пат“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago