Ново Село

Градоначалникот на Општина Ново Село изврши прием на наставници и ученици

Градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов денеска изврши прием на наставници и ученици кои учествуваа на Меѓународната манифестација „Детски Рацинови средби“ во Велес.

Имено на 57 издание на Меѓународната манифестација „Детски Рацинови средби“, одржана на 16.11.2024 г. во Велес, наставниците по Македонски јазик од основните училишта на територијата на општина Ново Село – проф. Надица М. Ангелова, проф. Марија Брндевска и м-р Владо Ефтимов – беа одликувани со пехар и дипломи за најдобра режија за мултимедијалниот ИКТ проект за Рацин – ‘Мене и душата ми е црвена’, односно медал за 3. награда за најдобра литературна творба.

Во проектот тие учествуваа со 12 свои вредни ученици: Валериа Николова, Евгениа Стоилова, Мелани Смилкова, Тамара Ѓорѓиева, Вероника Младенова, Стефанија Петрова, Зорица Ризова, Елена Маркова, Ивана Јорданова, Јована Стојанова и Андреј Ангелов – од ООУ „Мануш Турновски“ од Ново Село и Љубица Бансколиева од ООУ „Видое Подгорец“ од Колешино.

По тој повод, денеска во просториите на општината тие беа примени во кабинетот на градоначалникот Ѓорѓе Божинов.

„Наставниците и учениците го презентираа своето постигнување, за што срдечно им се заблагодарив за достојното претставување на општината, поради што им соопштив дека ќе поднесам предлог-одлука до Советот на општина Ново Село за наградување со паричен износ од 3.000 денари во знак на благодарност. Тоа ќе претставува и поттик за уште поголеми достигнувања во иднина“, вели градоначалникот Божинов со својата објава на социјалните мрежи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago