Македонија
Сезона на грип, но како да препознаете дали станува збор за грип или настинка
Објавено на
Од
Media Press
Сезона на грип која се очекува до крајот на февруари значително да се намали. Најчести симптоми коишто се јавуваат при оваа болест се треска, воспалено грло, болки во мускулите, неподносливи главоболки, кашлање, изнемоштеност или омалаксаност и неудобност. Особено кај децата грипот може да предизвика гадење и повраќање, но овие симптоми најчесто се јавуваат кај многу поразличниот гастроентерит, кој понекогаш се нарекува и ‘’ стомачен вирус ‘’ или ‘’ 24 часовен вирус ‘’ .
Иако грипот често се заменува со други болести кои се слични на грипот особено со обичната настинка, тој е многу посериозна болест и се предизвикува од друг тип на вирус. Постојат неколку знаци по кои се разликува грипот од настинка.
Првите знаци на настинка се јавуваат ден до два по контактот со вирусот и почнуваат со чешање и воспаление на грлото кое постепено се влошува.
Грипот настапува брзо и нагло, кога за неколку часа го чувствувате целото тело како болно.
Болката во грлото и течењето на носот се први знаци на болеста која се појавува и при грип и при настинка, но со важна разлика.
Кај настинката проблемите со носот почнуваат откако ќе престане болката во грлото. Носниот секрет постепено станува пообилен, погуст и пожолт, а носот е цело време блокиран. Подобрување има после петтиот ден.
Кај грипот нема промена на носниот секрет, но кашлицата трае подолго, сува е и непродуктивна.
Зависно од вирусите кои ја предизвикуваат настинката се разликуваат различни симптоми. Блокадата на носот и чувството на изнемоштеност предизвикува главоболка и треска, лежењето не е неопходно и личностите со настинка може нормално да функционираат.
Кај грипот симптомите се со црвени и насолзени очи, кожата изгледа влажна и има висока температура и до 40 степени. Болките во зглобовите, губењето апетит и исцрпеноста го принудуваат телото на лежење и минимален контакт со околината.
Врвот на настинката се случува два до три дена по појавата на симптомите, а најлошото поминува по една недела. Настинката би требало целосно да се повлече за 3 до 4 недели по заболувањето.
Грипот го исцрпува телото, па болките и заморот може да се задржат неколку недели, понекогаш и месеци по првата појава на симптомите. Грипот го ослабува организмот и може да предизвика дополнителни болки во стомакот и мускулите, вирусот почнува да продира подлабоко во телото, бактериите може да предизвикат воспаление на белите дробови.
Обично, грипот се пренесува преку воздухот со кашлање или кивање, создавајќи аеросоли коишто го содржат вирусот. Се смета дека аеросолите во воздухот се главните виновници за повеќето инфекции, а фактот дека се главна причина за пренесувањето сè уште не е докажан. Вирусите на грипот можат да се уништат преку сончева светлина, со средства за дезинфекција и со детергенти. Бидејќи сапунот го уништува вирусот, ризикот од заболување се намалува со почесто миење на рацете.
Бидејќи грипот брзо се развива и старите видови на вирусот веднаш се заменуваат со нови, вакцината која што била примена во текот на една година може да не биде ефикасна во наредната. Грипот може да се лекува со лекови против вирусот и со најефикасните антибиотици.
Поврзани содржини

Расте бројот на заболени од грип, има и скршеници од снегот. За време на празниците 1040 прегледи во ИМП во „Здравствен Дом“, Радовиш

Од денеска календарски почнува зимата

Пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип, со пополнување на апликација преку vakcinacija.mk

За пет дена во Струмица имунизирани околу 1300 лица против сезонски грип

Ниски температури од жолта фаза во цела држава, Министерството за здравство со препораки до населението

Мерките за заштита од КОВИД-19 придонесоа за намалување и на бројот на заболени од сезонски грип

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

