Радовиш
Расте бројот на заболени од грип, има и скршеници од снегот. За време на празниците 1040 прегледи во ИМП во „Здравствен Дом“, Радовиш
Објавено на
Од
Media Press
Расте бројот на заболени од грип и други респираторни инфекции и вирози, пикот се очекува при крјот на овој месец и почетокот на другиот. Во периодот на празниците во Итната медицинска помош во Здравствениот дом во Радовиш имало над 1040 прегледи, или по 100-тина прегледи дневно на смена. Голем е ризикот и од скршеници затоа се препорачува повозрасните лице во овие денови на снег и мраз да не излегуваат од дома. При паѓање на овие лица посебно кај жените лесно доаѓа до скршеница поради кршливи коски или остеопороза, при што лицата залегнуваат и доаѓа до пневмонија.
Инаку грипот е сезонско заболување и за разлика од настинката, започнува изненадно: се јавуваат силни болки во мускулите и зглобовите, треска, висока телесна температура, сува кашлица, болка во очите и главоболка.
Додека пак поголем број на настинки започнуваат постепено: малаксаност, болкa при голтање, студ, кивање, главоболка, а можно е и намалување на апетитот. Кај повеќето настинки немаме висока температура; исклучок се децата, кај нив може настинката да ја прати висока телесна температура.

Ако истовремено немаме и други болести, грипот поминува без компликации и не е опасен.
За лечење на грип треба да останеме дома, да одмараме, да пиеме доволно количини на течности и да ги ублажуваме симптомите. Посета на лекар е потребна само ако не успееме да ја намалиме температурата, тешко дишење или при посериозна основна болест, препорачува доктор Стојанче Петров од Здравствен дом, Радовиш.
Лекувањето на грип обично трае 7 до 10 дена.
Кај луѓето со добар имунитет и општа кондиција грипот трае пократко, а текот на болеста е полесен. Кај мали деца, но и кај повозрасни лица, и лица со хронична болест, грипот има потежок облик но и подолго трае.
При појава на треска и малаксаност не се препорачува поголема физичка активност и психичко оптеретување, но не значи дека треба болеста да се помине во кревет.

После прележување на грип се препорачува со дневните активности постепено да се започнува. Особено треба да се пази во зима, поради ладниот воздух кој предизвикува кашлица и тешко дишење.
Вакцинирањето против грип во голем процент спречува тешкотии при прележување на грипот, се намалуваат лежечките пациенти во болница и спречува појава на пневмонија.
Од вирусот на грипот и настинката можеме да се заштитиме така што нема да се задржуваме во затворени простории, сувиот воздух ја суши слузокожата со што се овозможува лесен влез на вирусот во телото. Паметно е да се избегнуваат и простории во кои има болни лица.
Првенствено мораме да внимаваме на тоа да одржуваме добра физичка активност и да имаме урамнотежена исхрана, но и добро спиење и одмор.
Поврзани содржини

За претседателот Глигоров Европа беше национална цел, порача Филипче, на синоќешниот свечен настан по повод 35 години од независноста, во организација на СДСМ

Трипуновски: Ограничена маржа на цената на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство

63 празни столчиња и по една бела роза на нив, една година од трагедијата во Кочани

Никој ништо не знае, 13 дена нема одговор како 5 тони дрога поминале граница

ВМРО -ДПМНЕ: Прашањата за дрогата СДС нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев

Бачев: ЛИНЕАРНО ИЛИ ПРОЦЕНТУАЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИИТЕ
Радовиш
Заврши Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Повеќе од 70 студенти по архитектура и градежништво, мајстори и граѓани присуствуваа на предавањата и практичните вежби распоредени во текот на три дена.
На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста“ од употребата на индустриски градежни материјали при реставрација и реконструкција на спомениците на култура.
Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи“, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.

Центарот за културно наследство „С и К“ од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан.
Трибината претставуваше можност за размена на знаења и искуства меѓу студентите, стручните лица, мајсторите и граѓаните, за зачувување и афирмација на традиционалните градителски системи.
ЦКН „С и К“ – Радовиш
Георги А. Кочев, диа.
Радовиш
Радовиш домаќин на меѓународната трибина „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
Од 1 до 3 октомври 2026 година, Радовиш ќе биде домаќин на Меѓународната трибина за архитектура и градителство „Културно наследство“, која ќе обедини архитекти од пракса, универзитетските професори, историчари на уметност и уметници околу едно од најзначајните прашања на современото време – зачувување и афирмација на културното наследство.
Во текот на тридневната програма, покрај стручните предавања и теоретската настава, ќе се реализираат и практични вежби посветени на традиционалните градителски системи, природните градежни материјали и традиционалните техники на градење.
На трибината се очекува учество на имиња од земјата и странство, а свеченото отворање ќе биде збогатено со музичко-балетски перформанс и изложба на дела од еминентниот македонски академски сликар Мирослав Миро Масин.
Покровител и организатор е Центарот за културно наследство „Самун и Каднка“, со поддршка од ALKONING – Софија – Претставништво Македонија, Кнауф Македонија и Општина Конче.
Традицијата и културното наследство како темел и иднина.
Учесници
– арх. Никола Кипровски – Белгија
Архитектура и некои природни материјали
– проф, др. Минас Бакалчев
Хроника на една школа:
Архитектонска летна школа во манастирот Св. Јоаким осоговски, 1992 – 2017
– проф. др. Донка Барџиева Трајковска
Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви
– Во рамките на „Трибината за архитектурата во Радовиш“, својата поддршка ја даваат студентите од трета година на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со семестралниот проект „Градски хотел во Радовиш – ново обележје на градот“.
Тема: проектирање на Хотел како современо архитектонско обележје, втемелено во локалниот контекст, инспирирано од традицијата – насочено кон иднината. Преку студентските проектни решенија се отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу архитектурата, градскиот идентитет и современите развојни текови.
Наставен тим: проф. Виолета Бакалчев,
доц. Бранислава Ѓорѓевиќ
доц. Нина Карангелеска.
– арх. Викторија Митева
Ревитализација на централното градско подрачје во Радовиш – Магистерски студии – МИТ универзитет
– Проекција на документарен филм за југословенскиот архитект Богдан Богданович
– СПЕЦИЈАЛЕН СПОНЗОР – АЛКОНИНГ – Софија, преставништво Скопје
арх. Ивана Цимешиќ
– Стаклени фасади како интеграција на современата архитектура во историски јадра.
– маш.инг. Славе Ѓоргиев – КНАУФ Македонија
Аналогија помегу античките системи за греење, ладење и вентилација и современите системи на Кнауф.
ПРАКТИЧНА НАСТАВА
– Васила Трајковски – зограф и конзерватор – средновековни градителски системи
– арх. Ѓорги Ѓоргиев – Бугарија – сводови, куполи и арки
– Дејан Спасович скулптор и градител – заборавени градежни техники со глина, вар, тула, дрво и камен
Организатор ЦКН Радовиш, селектор – арх. Георги А. Кочев
Радовиш
Пронајдени и одземени дабови дрва по извршен претрес во домот на лице од радовишко Коџалија
Published
2 месеци agoна
септември 11, 2026By
Media Press
На 10.09.2026 во 14:40 часот во с.Коџалија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Радовиш во координација со Шумска полиција и Шумско подрачно стопанство Радовиш, со судска наредба извршија претрес во домот на И.Д.(47) од село Коџалија.
При претресот биле пронајдени и одземени дабови дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



