Connect with us

Радовиш

Излегоа од печат книжевните изданија на 50 јубилејни КАРАМАНОВИ СРЕДБИ

Avatar

Published

на

Во пресрет на јубилејните 50 по ред Караманови поетски средби, Центарот за култура „Ацо Караманов“ од Радовиш во едицијата „Караманов“ ги објави јубилејните книжевни изданија од наградените поетски ракописи:

-Книгата „ЗАМИСЛИ ПРАВТА ДА ПРИПАЃАШЕ САМО НА ДРУГАТА СТРАНА“од естонскиот поет Јури Талвет, која ја доби Интернационалната награда „Ацо Караманов 2023“. Оваа книга е објавена тријазично – на естонски, англиски и македонски јазик. Препевот од англиски на македонски јазик го направи поетесата Даниела Андоновска-Трајковска.

-Поетската книга „ПОИНАКОВ СОН“ од поетот ИВИЦА ЧЕЛИКОВИЌ, којашто ја доби книжевната награда „Караманов 2023“ за најдобар необјавен поетски ракопис од македонски автори и автори кои пишуваат на македонски јазик

-Поетската книга „АПОСЕМИЧНА МИМИКРИЈА“ од младата поетеса Димитра Десановска Ставрев за најдобро дебитантско остварување и

-Панорама на 50 Караманови средби приредена од писателот Борче Панов. Уредници на претходно наведените книги се писателите Борче Панов и Даниела Андоновска-Трајковска.

Програмата за 50-тите Караманови поетски средби започнува од денеска во центарот за култура Ацо Караманов во Радовиш

Радовиш

Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.

Прочитај повеќе

Радовиш

Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче

Avatar

Published

на

Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.

Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш

Avatar

Published

на

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.

 Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.

Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.

На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.

Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

Прочитај повеќе