Радовиш
Одржани 48 „Караманови поетски средби“ во Радовиш
Објавено на
Од
Media PressТри дена посветени на поезијата во Радовиш. На 16, 17 и 18 декември се одржа 48 издание на интернационалната поетска манифестација „Караманови средби“, која традиционално се одржува во Радовиш.
Овогодишните „Караманови поетски средби“ свечено ги отвори градоначалникот Ацо Ристов кој ги поздрави присутните гости во Центарот за култура „Ацо Карамано“.

Беседа за Ацо Караманов одржа поетот Христо Петрески, претседател на собраниски одбор на Друштвото на писатели на Македонија, кој беше и добитник на наградата „Караманов 2021“ за најдобра книга од македонски автори.
Поетите учесници читаа свои песни во рамки на „Поетските меридијани“, а главен настан беше доделувањето на Интернационалната награда за поезија „Ацо Караманов“ на италијанската поетеса Клаудија Пичино.
Годинашните „Караманови средби“ завршија на 18-ти во саботата со промоција на Зборникот на 48 „Караманови средби“ – Борче Панов и Проф, д-р Мишел Павловски во ОНБ Браќа Миладиновци во Радовиш.
Организатори на Карамановите поетски средби се Центарот за култура „Ацо Караманов“ Радовиш и Организациониот одбор, а под покровителство на Општина Радовиш.
Во рамките на 48 „Караманови поетски средби“ имаше и настап на гости од Македонската опера и балет.
Поврзани содржини

Објвена програмата за 51 Караманови поетски средби кои ќе се одржат на 15 и 16 Ноември во Радовиш

Излегоа од печат книжевните изданија на 50 јубилејни КАРАМАНОВИ СРЕДБИ

Денеска и утре во Радовиш се одржуваат 49 Караманови поетски средби

Поети од Македонија и од светот, учесници на 48 „Караманови средби“ во Радовиш
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

