Connect with us

Радовиш

Новогодишен фестивал Радовиш „Светол Град“ во организација на ЦК Ацо Карманов, поддржан од Општина Радовиш

Avatar

Published

на

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници Општина Радовиш и Центарот за култура „Ацо Караманов“ со заеднички проект ќе ги разубават празниците на радовишани, како на дечињата така и на возрасните. Радовиш „Светол Град“е насловен прокетот во чии рамки ќе се одржи Новогодишен фестивал а  синоќа беше отнорен  Новогодишно-Божиќен базар  со богата музичко сценска програма на студиото за модерен балет Газели од Радовиш и настап на диџеј.

Центарот на Радовиш кој симболично  беше во мрак, го осветлуваа само запалените факели на децата кои беа учесници во програмата, за подоцна да биде осветлен во новогодишен амбиент. Градоначалникот Ацо Ристов  ги поздрави присутните и им посака среќни новогодишни и божиќни празници.

„Овој проект е светол, не затоа што го осветливме или украсивме Радовиш, туку затоа што доаѓаат најубавите и највеселите празници, кога сите ние треба да сме заедно, и со ведри насмевки да се радуваме и дружиме“, рече градоначалникот Ристов , кој им посака пријатни и весели моменти на сите граѓани во текот на новогодишните и божиќните празници.

Проектот е под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Радовиш, а во организација на Центарот за култура „Ацо Караманов“. Во текот на богатата програма учениците и членовите на Балетското студио „Газели“ со своите настапи ги исполнија срцата и душите на многубројните присутни на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе