Connect with us

Радовиш

Советот на Општина Радовиш ја одржа четвртата седница, со дневен ред од 57 точки

Avatar

Published

на

Советот на Општина Радовиш ја одржа 4-та седница и во 6 часа колку што траеше истата, беа ставени на гласање и за расправа 57 точки од дневниот ред.

На почеткот советниците од опозицијата излегоа со барање за следната седница навреме да се доставуваат материјалите за работа, во спротивно тие нема да присуствуваат на седница, со што се сложија и останатите советници.  Во делот на Советнички прашања беше поставено само едно прашање дали може советниците да добијат просторија во општинската зграда која би ја користиле сите советници. Градоначалникот Ацо Ристов рече дека нема слободни посебни простории но дека советниците можат да ги користат двете сали за состаноци кога се празни, како и неговиот кабинет кога не е присутен во него.

Во продолжение беа доенесени и останатите точки. Предлог одлуката за давање согласност на Годишниот план за вработување во ЈОУДГ Ацо Караманов во Радовиш како и усвојување на годишната програма за работа на детската установа по образложението од директорката Љупка Тренчев беше изгласана.

Потоа беа усвоени Годишните програми за работа на ОО на Црвен крст од Радовиш, на ОНБ Браќа Миладиновци и на ЦК Ацо Караманов во Радовиш. Беше усвоена и предлог програмата за родова рамноправност за 2022 година.

Потоа беше усвоена одлуката за усвојување на Финансиски извештај за работа на ЈП Плаваја од Радовиш, како и усвојување на Општинскиот оперативен план за заштита од поплави и уривање на високи брани за 2022 година.

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов даде одредено образложение околу Општинскиот оперативен план за заштита од снег и снежни намети за 2022 година, на што се надоврза и директорот на ЈП Плаваја Дејан Крстев.

Во продолежни на седницата  беше усвоен Општинскиот оперативен план за заштита од пожари за 2022 година, потоа Програмата за управување со отпад на територијата на Општина Радовиш за 2022 година, усвојување на Програмата за јавна чистота, како и Годишната програма за одржување градските гробишта, на паркови и други јавни површини во Општина Радовиш, како и други предлог одлуки и предлог решенија.

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе