Connect with us

Македонија

Маскирани членови на „Златна зора“ упаднале на изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски во Солун

Avatar

Published

на

„Синоќа во Солун, за време на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски, во галеријата упаднале група маскирани луѓе, кои со непристојно и вулгарно вербално однесување се обиделе да предизвикаат прекинување на изложбата, по што си заминале.

Иако без демонстрација на физичко насилство или нанесена материјална штета, поради заканите и вербалните напади била повикана и полиција, која е целосно известена за инцидентот.

За инцидентот известени се и Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, кои веднаш стапија во директен контакт со надлежните органи на Грција, а за инцидентот е информирано и грчкото Министерство за надворешни работи.

Во текот на денешниот ден, во МНР е повикана и грчката амбасадорка Софија Филипиду, при што и формално ќе бидат упатени очекувањата од нашиот сосед да бидат преземени сите мерки за откривање и процесирање на сторителите“, соопштија од МНР.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), најголемата невладина организација што ја претставува македонската дијаспора ширум светот, го осуди нападот врз македонски државјанин во Солун, Грција.

„Околу десет лица облечени во црно од екстремно десничарската група “Златна Зора” вчеравечер насилно влегле во општинската галерија во Солун каде што беа изложени делата на уметникот Сергеј Андреевски од Македонија. Тие ги малтретирале уметникот и персоналот и им наредиле да ги симнат изложените уметнички дела.

Општинската галерија Ремецо во областа Каламарија, Грција изложуваше цртежи и слики на познатиот македонски уметник Сергеј Андреевски. Уметничката изложба беше отворена на 21 април и се очекуваше да трае до 29 април.

Натрапниците, членови на младинското крило на екстремно десничарската неонацистичка Златна зора, наводно извикувале дека уметникот нема право да биде таму и ја доведувале во прашање неговата националност. „Можете да бидете или Словен или Грк. Нема наводни негрчки Македонци“, се слуша како вели еден од натрапниците во видеото што групата го објави на Јутјуб.

Напаѓачите на Златна зора ги „симнаа“ делата на скопскиот уметник. По рацијата, членовите на Златна зора го „запечатија“ просторот со црвена лента и залепија налепници со симболот на организацијата, тврдејќи дека овој уметник не треба да биде во областа“, стои во реакцијата од ОМД.

Македонија

Мицкоски: Стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата

Avatar

Published

на

Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска беше во посета на Општиона Гевгелија одговрајќи на новинарско прашање, им одговори на амбасадорите на САД и на ЕУ, Ангела Агелер и Дејвид Гир, кои вчера рекоа дека се против распуштање на Судскиот и Обвинителскиот совет. Мицкоски рече дека „стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата“, додавајќи дека треба да понудат решенија за проблемот со доверба во судството.

„Ја слушнав таа изјава. Некако стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата. Но, во ред, дури и ако е така. За оваа коалиција гласаа 600.000 граѓани, се гледа дека тоа ништо не им значи. За политиките и програмата на оваа влада. Истите велат дека состојбата со правната држава е катастрофална. Истите во нивните извештаи велат дека криминалот и корупцијата цветаат. Довербата во Судскиот совет и во Обвинителскиот совет е на 2-3%, се гледа дека работите не функционираат. Логично е рационален и конструктивен човек кога гледа проблем да бара решение. Понудивме решение, океј, не се важни 600.000 гласови за амбасадорите, не е важна владината програма, ако знаат подобро решение нека дојдат да покажат, јас сум подготвен да разговараме“, рече Мицкоски

Прочитај повеќе

Македонија

Левица: Владата да ги оспори пописните тезултати и да спречи БУГАРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА

Avatar

Published

на

Бугаризацијата на Македонците во повеќе општини во Албанија, како дел од заедничките цели на #Софиската и #Tиранската платформа, на пописот во соседна Албанија, Еди Рама ја спроведе успешно! Според резултатот од пописот, 7957 се попишани како Бугари, додека само 2281 се попишале како Македонци, иако никогаш во сите досегашни 11 пописи кои ги има спроведено Албанија, ниту еден жител се нема изјаснето како Бугарин, реагираат од Левица.

Левица претходно ја информираше јавноста за процесот на бугаризација на македонското малцинство во Албанија што се врши преку различни притисоци, поткуп, уцени и закани од страна на бугарските функционери и служби кои „оперираат“ во местата каде живее македонското население. Притисок врз Македонците беше системски и се вршеше заеднички од официјалните власти на Албанија и Бугарија, со што на бугарските служби им се оставени одврзани раце за остварување на своите цели!

„За овие проблеми, како и за многу други, Македонците преку своите претставници и здруженија, многупати алармираа до државните институции и до власта на Рама, кои воопшто не реагираа по однос на пријавените проблеми! #Левица за време на пописот многупати реагираше на оваа тема, обелоденувајќи детали од притисоците кои се вршат и бараше од македонското МНР и од Владата да испратат итна реакција и протестна нота, што, за жал, не се случи.

Актуелната Влада е должна да се избори за Македонците во Албанија да добиваат реципроцитетен однос од државата како што добиваат Албанците во Македонија!

Несомнено е дека пописот во соседна Албанија е спроведен во насока да претстави лажна слика за македонското малцинство и истиот бугарските служби го користат како алатка за бугаризација на Македонците и отворање на патот за нови барања на патот кон ЕУ за земјите од Западен Балкан.

Од Министерството за надворешни работи бараме итна реакција на меѓународна инстанца, оспорување на резултатите од пописот во местата со македонско население во Албанија и претставување на проблемот до Европската комисија, со цел заштита на правото на самоопределување на Македонците и спречување на нивна бугаризација во Албанија!“ стои во реакцијата од Левица.

Прочитај повеќе

Македонија

Алармантен губиток на таленти – Република Македонија на петто место по одлив на мозоци

Avatar

Published

на

Извештајот на Државниот завод за ревизија, покажува дека бројот на македонски граѓани коишто престојуваат во странство забрзано се зголемува… Податоците на Меѓународната организација за миграција за 2020 година, покажуваат дека Македонија се наоѓа во групата топ 20 земји во светот со најголема емиграција во странство, додека според проценките на Светската Банка, речиси 40 проценти од македонскиот високообразовен кадар ја има напуштено државата…Индексот на одлив мозоци на Global Economy ја рангира земјава на високото петто место од 41 европска држава.

Иако со усвојувањето на акцискиот план за 2013-2014 година биле дефинирани цели, мерки и активности за намалување на иселувањето на високообразовните кадри, ревизијата утврдила низок степен на негова имплементација…Податоците на заводот во однос на образовната структура на лицата кои ја напуштиле државата покажуваат дека во периодот 2015-2022 година од земјата емигрирале вкупно 719 високообразовани лица.

„Тенденцијата кон пораст на емиграцијата на високостручни кадри, како и научен подмладок од одделни факултети, имплицира промени во квалитетот на работната сила и намалување на нивото на човечкиот капитал, а со тоа и негативни ефекти во областа на економскиот развој на земјата и научноистражувачката дејност“, стои во извештајот на ДЗР 

„Спроведените ревизорски активности и обезбедените ревизорски докази овозможија да стекнеме разумно уверување дека активностите на Владата како носител на политиките за управување со миграцијата не се доволно ефективни за намалување на одливот на високообразовниот кадар од државата“, велат од ДЗР.

Според извештајот на ДЗР, се доделуваат стипендии за втор и трет циклус на студии во странство без извршена анализа и утврдување кои студиски програми се од јавен интерес за државата и ќе бидат предмет на стипендирање. Од друга страна МОН нема воспоставено ефикасен систем за следење дали студентите ги имаат исполнето обврските согласно објавениот конкурс и склучените договори.

За потребите на ревизијата биле ангажиран и експерт кој утврдил дека во периодот 2013-2021 година од државата просечно годишно мигрираат по околу 2.500 високообразовани кадри…За нив државата во просек годишно инвестирала по околу 5 милијарди денари или вкупно за перидот кој бил цел на анализа, биле потрошени 44,7 милијарди денари, односно околу 725 милиони евра..

Прочитај повеќе