Connect with us

Македонија

МНР: Безбедносните органи, сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски

Avatar

Published

на

Министерството за надворешни работи уште еднаш остро реагираше со осуда за изјавите на европратеникот Џамбаски за што по дипломатски пат го известува и Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Во овој случај, Министерството ќе препорача и на Претседателот Пендаровски, да реагира соодветно до својот колега, претседателот Радев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано и од Претседателот на Европскиот парламент.

„Заканите, изјавите за закани, најавите се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи, очекуваме тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава“, стои во реакцијата од МНР.

Реакцијата доаѓа откако европратеникот Џамбаски јавно се закани на претседателот Пендароваски со атентат.

Македонија

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски „судски покани“ во име на директорот на БЈБ

Avatar

Published

на

„Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на наводна покана за суд, примачот на пораката се известува дека е предмет на правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија, егзибиционизам… Притоа, примачот на пораката се повикува да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци.

МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните со цел нивна понатамошна злоупотреба. Судските покани не се испраќаат преку мејл, а и доколку внимателно се прочитаат овие пораки, видливо е дека станува збор за измама.

Затоа, апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.

Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина, а со иста цел – злоупотреба на лични податоци, во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот“ стои во соопштението од МВР. 

Прочитај повеќе

Македонија

Приведени тројца криумчари на мигранти, едниот бегајќи од полиција удрил во наплатна станица Смоквица и во столб

Avatar

Published

на

На 12.09.2023 во село Негорци, гевгелиско, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода С.М.(23) од Босна и Херцеговина, со привремен престој во Скопје. Околу 19.45 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и со патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во рампа од наплатната станица Смоквица, продолжил со движење и во село Негорци удрил во столб и застанал.

Во возилото биле пронајдени 16 лица мигранти, од кои еден се здобил со тешки телесни повреди, а двајца со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
С.М. бил задржан во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје.

Исто така кај Миравци биле приведени две лица, во возилото пронајдени петмина мигранти. Вчера околу 19.00 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на клучка Миравци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода Б.Ј.(30) и Б.З.(26), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.Претходно, тие биле забележани со патнички возила „фолксваген голф“ и „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, а кај клучка Миравци, возилата била запрени и при преглед во возилото „голф“, кое го управувал Б.Ј., биле пронајдени пет лица мигранти (четири од Сирија и еден од Авганистан).

Мигрантите биле сместени во прифатни центри во Скопје и Гевгелија. Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.


         

Прочитај повеќе

Македонија

Што се е предвидено во Предлог-одлуката за прераспределба на Буџетот во 2023 година

Avatar

Published

на

Повисоки плати за 10% во цела јавна администрација како и исплата на К-15, повисоки пензии за пензионерите, повеќе средства за социјална помош, средства за набавка на лекови, субвенции за земјоделците, дополнителна поддршка за фирмите, како и нов деветти пакет на антикризни мерки обезбедуваме со Предлог-одлуката за прераспределба на Буџетот во 2023 година, што беше усвоена на седница на Владата и ќе биде доставена до Собранието на усвојување.

Ова го соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими, на прес-конференција, на која истакна дека средствата за овие цели се обезбедуваат преку реалокација и дека тоа се прави со Одлука за прераспределба, а не со ребаланс на Буџетот од причина што до крајот на годината се очекува во ист номинален износ реализација на приходната и расходната страна, согласно проектираното во Буџетот за 2023 година.

„Пристапивме кон овие реалокации на средства, главно во интерес на социјалниот аспект, односно главните реалокации се токму во насока на поддршка на граѓаните и стандардот – покачувањето на платите во јавниот сектор, К-15, пензиите, социјалните трансфери, субвенциите за земјоделците, деветтиот пакет антикризни мерки. Нашата цел е поддршка за граѓаните за што е можно повеќе да ги олесниме ценовните притисоци. Воедно, ја задржуваме развојната компонента на Буџетот, со повисоко ниво планирани капитални инвестиции во однос на буџетскиот дефицит. Исто така, се реалоцираат дополнителни средства за поддршка на компаниите, како странски, така и домашни“, истакна министерот и додаде дека стратегијата е заздравување на економијата пред се, заштита на стандардот на граѓаните, а понатаму и забрзување на растот.

Потребните прилагодувања во Буџетот, како што рече министерот, се направени преку реалокација на средствата од позиции каде има послаба динамика и каде процесите дозволуваат да се направат прераспределби кон позиции каде се преземени обврски. При тоа потенцира  дека не се отфрла ниту еден капитален проект, како и дека капиталните расходи остануваат на повисоко ниво од буџетскиот дефицит, односно согласно златното правило во финансиите – да се позајмува само за инвестиции и развојни цели.      

Со Предлог-одлуката, како што образложи се обезбедуваат 4,25 милијарди денари дополнителни за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 10% и исплата на регрес за годишен одмор во висина од 10.000 денари, дополнителни 3,5 милијарди денари за пораст на пензиите за околу 6% за 336 илјади пензионери почнувајќи од септември 2023 година, 600 милиони денари за исплата на социјалните права за 36.000 корисници на гарантиран месечен приход, 800 милиони денари наменети за земјоделски субвенции, пред се за субвенции за млеко, сточарско производство, како и за авансно финансирање на земјоделците за растително и сточарско производство. Исто така обезбедени се 110 милиони денари за справување со Африканската чума, 100 милиони денари за набавка на лекот „Трикафта“ за 55 пациенти, 20 милиони денари за дигитални сензори за мерење на шеќерна болест, 200 милиони денари за  редовно сервисирање на породилните боледувања, 166 милиони денари за превод и печатење и откуп на учебници за основно и средно образование. Обезбедени се 290 милиони денари за исплата на студентски оброк за 29.000 корисници, за 6.900 стипендисти студенти и за 9.600 ученици стипендисти, 650 милиони денари за исплата на МОЈ ДДВ за третиот квартал заради зголемувањето на лимитот на повратот, а со Предлог одлуката се направени и дополнителни алокации за државна помош за компании во износ од 1,081 милијарди денари, и тоа за домашни компании 581 милиони денари, за странски компании 200 милиони денари и за компании и инфраструктурно уредување во ТИРЗ 300 милиони денари.

Прочитај повеќе