Connect with us

Македонија

Обединета македонска дијаспора: Чист Македонски Јазик? Чиста Лага

Avatar

Published

на

„Во изминативе денови, македонските политичари како Пендаровски, Ковачевски, Маричиќ и Османи често изјавуваат дека македонскиот јазик е чист во францускиот предлог. Ова го бројат како клучна придобивка од прифаќање на францускиот предлот. Има само еден проблем: нивните изјави немаат никаква поткрепа во текстот на францускиот предлог што се објави на веб страницата на Владата (види линк). Во однос на јазикот има само две реченици во интегралниот текст. Долу се пренесени во оригинална форма (на англиски) и со македонски превод“, реагираат од Обедината македонска дијаспора од каде појаснуваат кои се спорните елементи во Францускиот предлог.


ПРВО СПОМНУВАЊЕBullet point 3, page 3: “Regarding the translations of the acquis into Macedonian, the EU took note of Bulgaria and ***** Macedonia’s respective unilateral declarations on the Macedonian language.”
Точка 3, страна 3: Во врска со преводите на правниот кодекс на Европската Унија (acquis), Европската Унија ги нотира едностраните изјави на Бугарија и Македонија поврзани со македонскиот јазик.
Што значи ова? Ова значи дека ЕУ направила записник дека Бугарија не го признава македонскиот јазик, т.е. дека го признава како дијалект на бугарскиот јазик. Исто така, ЕУ ја запишала (каде не се знае) позицијата на (Владата на Република ) Македонија за нејзиниот јазик. Оваа реченица на НИКОЈ НАЧИН не го признава македонскиот јазик. Бидејќи Бугарија има привилегирана позиција во овие преговори како членка на ЕУ, може да се претпостави дека и нејзината позиција по ова прашање неминовно ќе се предпочита а македонската ќе се занемари. Бугарија ќе има најмалку една декада да го погани македонскиот јазик во европските институции и да инсистира да се прифати нејзиното подло гледиште за истиот.
ВТОРО СПОМНУВАЊЕBullet point 22, page 13. ***** Macedonia will need to produce translations of the acquis into Macedonian in good time before accession, and will need to train sufficient number of translators and interpreters required for the proper functioning of the EU institutions upon its accession.
Точка 22, страна 13. Македонија ќе треба да го преведе Европскиот правен кодекс (acquis) на македонски во догледно време пред нејзиниот прием и ќе треба да обучи доволен број на преведувачи и толкувачи за да се осигура правилното работење на ЕУ институциите при прием.
Што значи ова? НИШТО во однос на јазикот. Ова реченица само укажува на практичната потреба од преведување на текстот од Европската регулатива на јазикот на земјата кандидат. На никој начин не може ова да се толкува како признавање на јазик. Реченицата се однесува на обврска што ја презема Владата за превод и толкување, а не за признавање. 
Земајќи го ова во предвид, изјавите на државниот врв во врска со македонскиот јазик и францускиот предлог се лажни“, велат од ОМД.

Обединета македонска дијаспора е меѓународна организација основана во 2004 со седиште во Вашингтон, САД чија главна цел се интересите и потребите на македонските заедници ширум светот. ОМД има претставништва македонски заедници ширум светот, во Брисел, Канбера, Лондон, Мелбурн, Њујорк, Париз, Штутгарт, Сиднеј и Торонто.

Избори 2024

Стартува изборната кампања за парламентарните избори

Avatar

Published

на

Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја стартува парламентарната кампања со настан „Нема откажување од иднината“ во Скопје, со обраќање на претседателто на партијата Димитар Ковачевски, а ќе има и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, пак, традиционално ќе ја почнат кампањата со митинг во Охрид.

Коалицијата „Европски фронт“започна со активности во Скопје, со конститутивна седница на победничко собрание од Парламентарните избори на 8 мај 2024.

 Зијадин Села е избран за претседател на Собранието. Бујар Османи е избран за шеф на државата со гласање на пратениците во Собранието.

Конститутивната седница на Собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во Куманово митинг ќе има Движењето ЗНАМ. Во Штабот на Коалиција Вреди кај плоштадот Скендербег во Скопје е најавена прес-конференција на носителите на листите на кандидати за пратеници во сите изборни единици.

Левица во Велес ќе има свои активности каде ќе се обратат и претседателот и носител на листа на ИЕ1 Димитар Апасиев и носителот на листа на ИЕ3 Борислав Крмов.

Најавени се активности и на останатите учесници на изборите со кандидатски листи Коалцијата „Храбро за Македонија“ која ја сочинуваат ГРОМ, ПЦЕР и Интегра, партиите Македонска Ера Трета, Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија…

Со потпишување Кодекс за фер и демократски избори претставници на повеќето од политичките партии вчера се обврзаа дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања.

Во Државната изборна комисија,  вкупно десет претставници на подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

Седум претставници на  подносителите на листи на кандидати за пратеници, меѓу кои претставници од коалиција Храбро за Македонија, партија Македонска ера трета, партија Левица, партија Единствена Македонија, партија Демократи, Работничка партија и Родина, не присуствуваа и не го потпишаа Кодексот за фер и декомратски избори.

Инаку, кампањата за парламентарните избори завршува на 6 мај, а се гласа на 8 мај кога граќаните ќе кажат кој од многуте кандидати ќе станат пратеници.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Гордана Силјановска Давкова: На оваа ужасна пирамида македонска, на врвот има неколку проценти пребогати луѓе, а долу останаа осиромашените

Avatar

Published

на

Професорката Гордана Силјановска Давкова во своето обраќање пред граѓаните на Велес рече дека е време да разбудиме по нешто од илинденците во секој однас.

„Народот се осиромаши, оваа транзиција како да нема крај, Македонија стана држава на социјални случаи мора да ставиме крај на тоа. Нема да дозволам носење на закони спротивни на уставот. Нам ни требаат добри закони со кои ќе ги решаваме вашите проблеми. Законот е во сверата на заштитата на јавното добро. Станаа пребогати на оваа ужасна македонска пирамида на врвот има неколку проценти пребогати луѓе, ја нема интелегенцијата и средниот слој, долу останаа осиромашени граѓани, истакна Давкова пред граѓаните на Велес.

Таа додаде дека мора да се стави крај на зависносто судство, устаниот суд да ги штити уставот и законите, претседателто мора да знае дека веотото нее украс туку треба да се употреби кога е потребно. Таа праша колку пати претходниот претседател го употребил правото на вето?

Прочитај повеќе

Избори 2024

Пендаровски од Гостивар: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество

Avatar

Published

на

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар.

Пред присутните Пендаровски потсети на резултатите постигнати во изминатите пет години како враќањето на слободата и демократијата, градењето модерно општество на еднакви граѓани и напредокот во евроинтегративниот процес.

Пендаровски посочи дека по членството во НАТО, се случи напредок и во процесот на интеграција кон ЕУ, кој сега е блокиран поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот однос кон меѓународните договори што ја гарантираат евроатлантската интеграција на државата.

„Што нуди ВМРО-ДПМНЕ во однос на договорите што нѐ вратија во нормалниот цивилизиран свет? Нудат поништување. Кога ќе ги прашате што после тоа поништување, велат повторно ќе почнеме да преговараме. Имаат ли гаранции дека некој од надвор од големите сили ве поддржува за тоа повторно да го преговарате и да го доведете до исход кој е добар за народот и државата? Немаат. Немаат еден докажан пријател, партнер од големите сили, како што имавме ние. Сите овие договори што ги споменувам и со Грција и со Бугарија и со Европа се направени со огромна поддршка и помош од Америка, од Германија, Франција, од големите меѓународни сили. Тие немаат ниту еден и затоа кога доаѓаат пред вас ви кажуваат дајте ни власт па од 9 мај ќе ви кажеме кои се нашите планови. Тоа е крајно несериозно“ порача Пендаровски.

Затоа, додаде тој, уште на 24 април потребна е масовна мобилизација и заокружување на бројот еден со што напредокот на државата ќе продолжи.

Пендаровски во своето обраќање пред граѓаните порача и дека е крајно време за да се испита потеклото на имот на сите судии и обвинители, но и на политичарите, почнувајќи од него, а оние за кои ќе се утврди дека за време на нивниот мандат несразмерно го зголемиле својот имот прво да ги вратат парите а потоа и да се соочат со затворски казни.

Прочитај повеќе