Радовиш
Едукативна работилница од музичко-фолклорен карактер се одржа во Злеово, да се негуваат изворните инструменти
Published
9 месеци agoна
By
Media PressМузичка работилница за изворни инструменти наречена „По стапките на дедо“ беше одржана во село Злеово. Несекојдневна едукативна работилница од музичко-фолклорен карактер на која домаќини беа ФА „Злевски Бисери“ и кореаографот Методи Иванов, како иницијатор за оваа работилница.

Во присуство на млади фолклористи од Радовиш и Конче, магистер Александар Ицов професор во ООУ ,,Крсте Петков Мисирков,, -Радовиш, на интерактивен начин им ги доближи на присутните речиси сите народни музички инструменти кои се наше битие и традиција.
Тој ги запозна младите на кој начин и од каков материјал се изработени кавалот, гајдата, тамбурата и други наши изворни инструменти.
На крајот самата работилница заврши со играње на изворни ора.
Ова беше прва музичка работилница, а ќе продолжи да се одржува и во Конче и Василево.

Поврзани содржини
Во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш, организирана работилница „Учиме за буквите, патуваме со сказните“
Ученици од ООУ „Никола Карев“ и корисниците на ДЦ Порака од Радовиш со заедничка работилница
Одржана фолклорната манифестација на македонски ора и песни „Разиграна пролет“ во Злеово
Учениците од проектот ACCESS ја реализираа и последната работилница во просториите на СОУ “Коста Сусинов”, Радовиш
Поради обилните врнежи постои ризик од излевање на водопоилото во атарот на село Злеово
Народната банка одржа е-работилница за новинарите посветена на статистиката на финансиските сметки на македонската економија
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
