Connect with us

Радовиш

Ученици од ООУ „Никола Карев“ и корисниците на ДЦ Порака од Радовиш со заедничка работилница

Avatar

Published

на

Зедничка работилница на ученици од ООУ „Никола Карев“ и корисниците на ДЦ Порака од Радовиш, по повод одбележувањето на 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.   Заеднички во една пријатна атмосвера беа изработени новогодишни украси и честитки.

Активноста е на заедничка иницијатива на директорот на училиштетото и дневниот центар Порака.

 Во работилницата учествуваа ученици од три паралелки кои покажаа голем интерес и  заеднички со гостите од Порака работеа на изработка на новогодишни украси.

Ова не е прва активност од ваков и сличен карактер, училиштетото Никола Карев и Порака имаат долгогодишна успешна соработка.

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе