Радовиш
Поради обилните врнежи постои ризик од излевање на водопоилото во атарот на село Злеово
Објавено на
Од
Media PressВо атарот на село Злеово, Општина Радовиш се наоѓа водопоило кое служи за напојување на стоката од месното население. Од Центарот за управување со кризи информираат дека поради обилните врнежи надворешната страна на насипот на водопоилото кое е полно со вода, од десната страна има истекување на водата.
„По течението во долниот дел на поројот од водопоилото се наоѓа една куќа со двајца жители и истите превентивно се известени оваа ноќ да ја напуштат куќата заради можно поголемо истекување на водата и поплавување. Водопоилото во 2013 година поради попуштање на насипот се има излеано, а во тек е санација на насипот со градежна оператива“ известуваат од ЦУК од каде додаваат дека за состојбата со водопоилото известен е и градоначалникот на Општина Радовиш и одговорните лица.
Поврзани содржини

По трет пат се одржа фестивалот „Сред село весело,, во организација на ФА Злевски бисери

Едукативна работилница од музичко-фолклорен карактер се одржа во Злеово, да се негуваат изворните инструменти

Одржана фолклорната манифестација на македонски ора и песни „Разиграна пролет“ во Злеово

Општина Радовиш во соработка со ОО Црвен Крст Радовиш започна со делење хуманитарна помош
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

